Што ќе кажеше Ди Матео покажавме карактер.
Шала на страна задоволен сум од момците одиграа машки, борбено до крај и заслужено си собравме 3 бода.
Почнавме пак заспано и мрзливо, пак примивме евтин гол не би го критикувал Есиен иако беше главен кривец за голото. Ете се случува, му фали минутажа нема играно одамна. За мене солидно изигра направи неколку грешки ама тоа е.
За скуад плеер ќе послужи. Не е за јаки и тешки натпревари, но за куп натпревари и за тимови како К. Палас ќе го биде.
Одбраната денес перфектна, според мене заслужи чиста 10-тка, го спаси денот.
Расчистија се во одбрана плус и завршија голема работа во офанзива.
Него би се задржал на Мата. Изигра одлична партија, покажа дека со него Челзи е поопасен и создава полесно шанси.
Ако после оваа партија не му ваља на Мурињо тогаш не знам кога ќе му е добар.
Не викам дека Оскар е лош играч, но Мата е подобар играч на ам позиција. Има подобра прегледност, подобра пас игра и визија.
Оскар е најпогоднен да игра позади Мата со подефанзивни задачи. Да ја наследи улогата на Лампард.
Нешто како Туре во Сити, Џерард во Лфц.
Десно крило ниту е Мата ниту е Оскар. Само се надевам дека тоа за брзо време ќе го забележи Мурињо.
Кеф ми се направи што веднаш внесе втор напаѓач и не се плаши да промени формација, нешто што не беше случај со претходните трењери.
Мала замерка што го цеди нонстоп Лампард.
Наредна играме во среда со Сандерленд на гости.
Доста незгодна утакмица али мора да направиме победа.
Декември ќе е клучен период така да очекувам редовна ротација и минути за сите.
04 дек гости Сандерленд
07 дек гости Стоук
14 дек дома Кристал П
23 дек гости Арсенал
26 дек дома Свонси
29 дек дома Лфц
01 јан гости Шотон.
Да пукне едно 7 од 7 и сме завршиле работа.
