Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека Мата како што е одморен сега ќе биде решение и одговор во набиениов распоред.
Криво ми е што кога излезе сам не биеше туку гледаше да се асистира, а Торес и Ба се стерилни.
 
Мислам дека Мата како што е одморен сега ќе биде решение и одговор во набиениов распоред.
Криво ми е што кога излезе сам не биеше туку гледаше да се асистира, а Торес и Ба се стерилни.

Ниска беше топката и голманот лесно си ја фати на прва. Што се криви Торес и Ба тука.

Добро е, притиснаа ко што треба и нормално дека ќе има резултати. Мата имаше неколку добри потези и супер си изигра. Сега би требало да си остане стартер, посебно ако Оскар мора да одмори, одлична шанса ќе му се пружи.
Многу битна победа против незгоден тим (y)
 
Ниска беше топката и голманот лесно си ја фати на прва. Што се криви Торес и Ба тука.

Добро е, притиснаа ко што треба и нормално дека ќе има резултати. Мата имаше неколку добри потези и супер си изигра. Сега би требало да си остане стартер, посебно ако Оскар мора да одмори, одлична шанса ќе му се пружи.
Многу битна победа против незгоден тим (y)

Мене ми се криви тоа што се стерилни, Ба пред тоа промаши и тоа каква идеална шанса. Торес беше блед,имаше еден продор после голот кога го примивме и толку. Не ми годи тоа што денеска ај беа Кејхил и Тери, нареден пат нема да се тие пошто се дефанзивци. Ќе нема кој да забие во многу битни моменти. Е тоа ми се криви.
 
Барајте го вие пак Есиен во игра, одамна не е материјал за Челзи, го докосурија повредите него, денес беше главен виновник за голот, и бројни грешки и нестабилност во играта. Веќе нејќам да го видам во игра. Микел е Господ и за Рамче и за него во дефанзива и сечење контри.
Друго од играта сум презадоволен, особено од Мата, Торес и Ба, одиграа предобар меч. Само нека продолжи во вакво темпо тимов ко денес, покажавме карактер, игра и решителност да ја свртиме уште од самиот момент кога го примивме гол. Саутемптон рака на срце се јак тим сезонава, ама не изиграја ништо посебно освен добра дефанзива прво полувреме и заслужено изгубија.:)
 
Мерак ми се направи, ме нервираа страшно овие. После 13 секунда примивме глупав гол, ама денес имавме подобра игра за разлика од минатите натпревари. Разликата меѓу другото ја направи Мата.
Се виде денеска кој е кој и како Челзи игра потечно кога тој е на теренот. И не само тоа, туку тој ги прави соиграчите да бидат многу подобри. Нешто слично како Озил сега во Арсенал.
Некои па се фаќаат за кусур, не бил маж и наместо да шутира пробал да додаде и згрешил.
А, тоа што везеше денес и пасот во 82 минута до Хазард од половина, кому му е гајле. Дури и за љубителите на познатиот концепт, Мата играше одлично и во одбрана.
Собра доста топки и доволно им помагаше на останатите. Притоа и ја немаше баш таа слобода од претходно.

Освен него, Тери и Кејхил беа одлични. Не поради головите само, туку беа бескомпромисни и не оставаа пиле да помине. Исто и Азпи, човеков ме изненадува од утакмица во утакмица, во дефанзива како лев бек ора, офанзивата уште не му е толку добра страна. Бане играше добро, малиов Шо го изеде неколку пати.
Торес беше добар, убави дриблинзи имаше напати, само не добиваше толку добри топки за да реализира.

Мурињо мораше да го стартува и Шурле наместо Хазард. И мислам дека замените и не беа многу добри. Наместо Оскар го стави Лампард, кога бркавме резултат, наместо Вилиан или Шурле, малку да се рашири играта. Па после слично нешто направи и со Ба, но добро, овој даде гол па не смеам толку да мрчам.
Се надевам дека Оскар ќе биде добро и дека ќе одмори на наредниве натпревари, па да се врати посилен од вообичаено. Ве молам немојте да го плукате Есиен, се случува. Јас пак би му дал шанса нареднава недела или против Стоук/Палас.

Ми се свиѓаше денеска, што после примен гол во 14 секунда, успеавме да направиме пресврт и да им дадеме три гола на Сотон, кој до овој натпревар имаше најдобра одбрана во цела лига.
Но, сепак да не летаме, со ладни глави и на гости кај Појет. Да собереме плодови и таму.
 
Ни Боруч не знае како ја фати таа од Торес :) а и добро одигра кога со крајни сили ја спаси топката и нафрли, на стапало му идеше Фонте или кој и да беше, ризикуваше повреда. Што знам, барем за мене не беше лош иако Ба даде гол. Премногу комплициравте прво полувреме а и Есиен не е за вакви екипи што ораат и притискаат, ја нема мобилноста од пред 5-6 години.

п. с. честитки
 
Добри сме, Јунајтед последниве години се утепаа од зимање титули со вакви игри.

А играва далеку од добра, иде накај лоша веќе.
Ама добро стигнавме до 3 бода и тоа најбитно.
Вилиан и Ширле ептен заслужни за победава дефинитивно докажаа дека вредат 50 милиони.
 
Не се согласувам дека замената на Оскар со Лампард е лош потег од Мурињо. Откако влезе Лампард добивме стабилност во игра и организација, бевме многу поконкретни, се чувствуваше голема разлика во играта уште од самото влегување. Ама пример, се согласувам, можеше место Есиен, ама сепак мислам дека се работи за повреда на Оскар :/
 
Мурињо сега кажа дека го ставил Лампард за да почне веќе да го спрема тимот за тоа што го направи во второ полувреме со мењање на формацијата.
 
Kako raspaliv Terry koga go dsde golot auuuu!!!!!!

Captain,leader and LEGEND !!!

Sent from my Samsung Galaxy Note 3
 
1463461_10153614625255372_1337016557_n.jpg



@dragonsky

И со Вест Хем и со Базел игравме лошо, сега бевме солидни. Како одиме кон полошо, зарем има полошо од 0 шутеви на еден натпревар?
 
Што ќе кажеше Ди Матео покажавме карактер. :)
Шала на страна задоволен сум од момците одиграа машки, борбено до крај и заслужено си собравме 3 бода.
Почнавме пак заспано и мрзливо, пак примивме евтин гол не би го критикувал Есиен иако беше главен кривец за голото. Ете се случува, му фали минутажа нема играно одамна. За мене солидно изигра направи неколку грешки ама тоа е.
За скуад плеер ќе послужи. Не е за јаки и тешки натпревари, но за куп натпревари и за тимови како К. Палас ќе го биде.
Одбраната денес перфектна, според мене заслужи чиста 10-тка, го спаси денот.
Расчистија се во одбрана плус и завршија голема работа во офанзива.

Него би се задржал на Мата. Изигра одлична партија, покажа дека со него Челзи е поопасен и создава полесно шанси.
Ако после оваа партија не му ваља на Мурињо тогаш не знам кога ќе му е добар.
Не викам дека Оскар е лош играч, но Мата е подобар играч на ам позиција. Има подобра прегледност, подобра пас игра и визија.
Оскар е најпогоднен да игра позади Мата со подефанзивни задачи. Да ја наследи улогата на Лампард.
Нешто како Туре во Сити, Џерард во Лфц.
Десно крило ниту е Мата ниту е Оскар. Само се надевам дека тоа за брзо време ќе го забележи Мурињо.

Кеф ми се направи што веднаш внесе втор напаѓач и не се плаши да промени формација, нешто што не беше случај со претходните трењери.
Мала замерка што го цеди нонстоп Лампард.

Наредна играме во среда со Сандерленд на гости.
Доста незгодна утакмица али мора да направиме победа.
Декември ќе е клучен период така да очекувам редовна ротација и минути за сите.

04 дек гости Сандерленд
07 дек гости Стоук
14 дек дома Кристал П
23 дек гости Арсенал
26 дек дома Свонси
29 дек дома Лфц
01 јан гости Шотон.

Да пукне едно 7 од 7 и сме завршиле работа. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom