Многу добро прво полувреме, многу лошо второ полувреме. Не може вака на сила и да се задоволиш со минимално водство. Секогаш постои ризик да примиш некој шашав гол, во случајов со гради од чудак со уште почудно презиме.
Во прво ја контролиравме играта, во второ се повлековме и чекавме на контри. Не може против вакви екипи така да се игра, не може со такви играчи така да се игра.
Но, задоволен сум од победата, задоволен сум од тоа што Мурињо ги погоди измените и тие ја решија утакмицата. Хазард во прав момент, Вилиан им пресуди со фантастичниот гол. Треба почесто да игра, по десна страна, затоа што со Мата и Оскар во прв тим, десно крило немаме, исто како и лани.
Замерки, освен тоа што ни треба класа напаѓач:
1. Играч како Де Роси/Туре, затоа што против копачки екипи ќе бидеме инфериорни. Да не кобам ама тоа највеќе ќе се види на дуелот против Сити. Премногу сме физички слаби. Многу брзо се префрла топката на наша средина, освен Рамирес мора уште еден таков сличен играч, да им ги сече акциите уште непочнати.
Со Лампард, не оди. Ја успорува играта и не покрива дефанзивно како што треба. И не е тоа негова кривица, треба тоа да го увиди Мурињо. И да се размислува за лев бек, затоа што Ешли Кол е истрошен и сезонава не е константен. Да изгураме некако, па здравје од лето нашиот миленик Шо.
2. Себичноста. Неколку пати и на овој натпревар дојде до израз. Ба и Оскар особено. Секој сака да се докаже индивидуално и усерува многу акции. Против Свиндон исто така паметам дека Вилиан и Ба беа многу себични. Мора да се оправат, не оди тоа така.
3/4 победи на гости, со Тотенхем имавме одлично второ полувреме и кога бевме во налет Дин направи глупост, па може и ќе победевме. Добро е, играта уште не е како што треба, нема некој напредок, но барем собираме бодови. Тоа е битно, со просечна игра да бидеме на врвот. Па размислувам што ќе биде ако играме на две нивоа повисоко и се смешкам под мустаќи.
Пофалби и до навивачите. На гости растураат, изгледа на Стемфорд повеќе фамилијарни луѓе одат, па затоа и нема којзнае каква атмосфера. Најјако беше, после голот од Вилиан кога је пееја песната за него: '' ... he hates Totenham '', на Боас му иде да си касне од левиот тестис сега.