Него Френк слабо нешто голови во последно време.
Мора малце критика.
Одлично...
Рамче кине, секоја чест за финишот. Кога ќе ми текне какво дрво беше кога дојде, а сега ни е можеби најбитната карика во тимот. Секаде го има, трча по 15 км, одзима, дрибла асистира постигнува голови. Злато вреден играч.
Реков јас дека супер ќе ја игра позицијата дм.
Ширле изненади позитивно, ете и тој имаше мал проблем со адаптација. Првите неколку натпревари беше просек.
Реално да збориме повеќе покажа од Хазард и заслужи со играва денес да биде избор пред Хазард во недела.
Да ги издвојам Чех, Тери и Бане кои според мене би добиле 8.
Френки веднаш ме демантираше со 205-ка, можеби малце е истрошен, но Френк е Френк и кога е надвор од форма тој постигнува голови. Роден победник.
Сега во недела да ги плесенеме исто така убедливо Норвич, и да им ја затне устата Мурињо на искомплексираните Англиски медиуми.