Не, мора да ја расипат целосната слика на крај, мора. Како нешто да ги тера одвнатре.
Тотално сум разочаран од оваа одлука, да се даде Лукаку на позајмица во Евертон. Крајно лицемерно и несериозно од клубот, тренерот и останатите. Ќе ви кажам и зошто е лицемерно.
Имено, пред 1 месец, кога беа подготовките, Мурињо излезе јавно и кажа дека Лукаку и останатите двајца Калас и Де Брујн, нема да одат никаде, дури ни на позајмица и дека смета сериозно на нив, за претстојната сезона. Излажа!
Второ, Стив Кларк, еден месец пекаше за Лукаку, ама не, нашиве беа концизни дека Лукаку не е за на позајмица и дека ќе остане во клубот.
Па ако планирале да се ослободат од него, зошто тоа го прават 1 саат пред затворањето на трансфер периодот, како последни мамлази и зошто ако мислеле да го дадат повторно на калење, не го дадоа во ВБА кај нашиот Кларк и во тимот каде што имаше фантастична претходна сезона?
Момчето промашува пенал, Челзи го губи СуперКупот, скршен, не можеше да се соземе, додека други дечки си се смешкаа по терен и најдобро нешто што може да му ја дигне самодовербата и да го направи посилен е... погодите што? Позајмица во ебаниот Евертон. Ни помалку, ни повеќе. Е сега ставете се на местото од Лукаку и размислете како би се чувствувале вие.
Нема да ме чуди сега тој да е исфрустриран и разочаран, што е сосема очекувано и нормално, кој не би бил, на ваков мамлазки начин да го шутнеш.
Да знаев дека доаѓањето на Ето значи заминување на Лукаку, никогаш нема да го одобрував тој трансфер.
Само да спомнам, Руни заигра во Јунајтед на 20 години, исто колку што има Лукаку. И тоа на дебито, значи ДЕБИ, само што дојде од Евертон, даде хет-трик против Фенербахче. Ама тогаш Фергусон сигурно не планирал Ларсон да го игра пред него.
Имав едно мислење околу Лукаку и неговиот статус во тимот, со тек на време тоа ми се промени, како што спомнав прееска.
И што? Ќе има можеби пак јака сезона во Евертон, пак ќе постигне 20 голови, наредна сезона ќе се врати и пак на позајмица. И така ќе го шетаме, додека не му скурчи.
Клубот за жал, нема никаков однос кон тие што вредат и кон играчите. Прво беше случајот со Алекс и Анелка. После со Малуда, ете сега на многу подмолен начин, го шуткаат и Лукаку. Детето е деклариран фан на Челзи, сега во денешно време, многу ретко има такви кои играат за клубот со срце и од таквите никогаш не можеш да бидеш разочаран. Ама... ете го, Самуел Ето.
Кој две години играше во полу-професионална лига, да, да, таква е Руската, не се залажувајте, кој има 32 години и не е баш во цутот на младоста и прашање е дали ќе може да направи некое чудо. Од друга страна пак ги имаш, Ба и Торес. Првиов неконстантен, вториов дрво некастрено, за кое чекаме некогаш пак да процути. Во неговата трета сезона во Челзи.
И 50 голови да даде, нема воопшто да се потресам, затоа што по некоја природа, тоа и треба да следува од него. А, 50 нема да даде, дали ќе даде половина од тоа.
Не знам, разочаран сум, највеќе од Мурињо. Затоа што испадна лицемер и лажго, ајде Гурлај и Бак се такви муљатори од претходно, ама да се разочараш од омилениот тренер, не е баш многу пријатно. И многу сакам наредна сезона да не одјебе и да си замине, па тогаш нека се чешаат и нека му продолжат договор на Ето.
Можеби за вас е една обична позајмица, за мене е многу повеќе од тоа.