Не можам еве никако да го разберам тој комплекс од гостински терен со посилни екипи. Буквално Челзи настрана од Стемфорд против посилна екипа, не ИГРА. Како да не постои. Не дека имаме којзнае каква игра сезонава, да не речам никаква, ама воопшто да не играш, да не постоиш на терен, не ми е јасно. Да се плашиш да нападнеш, да одиграш, да шутнеш. А си шампион на Европа. Кој до лани ја пеглаше Барселона, го пеглаше Баерн и све по список.
Моментот што ја реши утакмицата, промашениот пенал на Лампард. Најдобриот шутер во Челзи, пеналџија и пол, но не мора по секоја цена да постигне гол и да го руши рекордот што побрзо, ако не е сигурен во себе. Лампард уште пред да шутира, беше нервозен, не беше воопшто смирен, се гледаше тоа во неговата фаца.
Ти си легендата, ама молим те, ако не си спремен, дај му на Хазард, Ба или во краен случај Мата.
Да им дадеш гол на почеток од полувреме, ќе ги деморализираш, а да постигнеше Лампард гол, сигурен сум дека Сити немаше да победат и ние ќе имавме плус три бода.
Наместо тоа, му го подигаш моралот на противникот, после одбранет пенал, им ја креваш мотивацијата и тоа е тоа. Плус, контрата на Рамирес и Ивановиќ неискористена.
Епа кога не користиш такви прилики, а играш очајно, казната си следува. Да не се лажеме.
Луиз и Рамирес преслаби. А нашиот тактички гениј, го ваѓа Хазард, а најдобар поединец на теренот дотогаш, го става Оскар, а Рамирес продолжува да игра. Ќе се утепам!
Микел и Лампард, се вклопија во сивилото, впрочем тие и го создадоа тоа сивило. Особено Лампард после промашениот пенал. Какви дупки во среден ред оставаа, мајко мила. За првиот гол, како ги помина Силва, а двајцата дремат до него. На толкав простор ги помина двајцата.
Да не биде само дека критикувам, а не да се за критикување, туку за носење у три лепе пизде материне, само ќе ги спомнам Ба и Кејхил.
Првиов немаше ниту една топка примено, асолна. Ги доби сите воздушни дуели со дефанзивците на Сити, им ги спушташе топките на ашљациве, ама џабе. Доби само една топка и изнуди пенал. А постојано со двајца на грб беше.
Вториов, ги повлекувам зборовите од пред некој ден. Во афект не сум реален ич. Не е Кејхил просек, избрзав.
Човекот изгина денеска, милион топки им скрати и одзеде, го искомплексира Агуеро максимално. Алал да му е!
Другите не заслужуваат да го носат дресот на Челзи, поголем дел од нив. Зошто пак фановите се нервираат, нив ги боли кур. Ќе си ја земат платата и чао-пријатно.
Единствено се знае кого боли за поразиве. Тери. Кога го видов како се држи за глава кога го дадоа во кадар, ме здоболе многу повеќе од него. Ама и држењето за глава е опис за ситуацијава во клубов моментално.
Го избркаа Ди Матео, демек послаби во дефанзива со него, сме примале голови како локумчиња, а го донесоа гуруто Бенитез да ја среди одбраната, а сега со него е уште полоша. Одличен потег од управата и од Абрамович, нема што.
Не ми е за тоа што сме изгубиле од Сити, ајде, финтата е што сериозно го загрозуваме местото кое води во ЛШ. А ако не бидеме четврти барем, две сезони без ЛШ е превише. Ова што бевме во група годинава, не ни го рачунам.
Последиците ќе си дојдат до израз. Не очекувајте добар тренер, најмалку не Мурињо, ако играме со Плзен и наредна сезона, не очекувајте нови играчи, добри, кои ќе дојдат, може само да се задоволиме со некои просеци и ѓубриња од лигава и очекувајте можеби веќе постоечкиве играчи што го имаме, да изразат незадоволство и да си ја сменат средината. Извини, за лузерски клубови нејќеме да играме, па макар земаме и не знам колкава плата.