Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
А да и до крај на сезонава завршуваме 4ти.
Ќе изгубиме од Тот‘нем а благодарение на несмасноста на Арсенал ќе завршиме 4ти некако. Потоа ќе треба тотален мејк-оувер на тимот за да се надеваме дека ќе го поминеме противникот во ква. за ЛШ.
 
Не можам еве никако да го разберам тој комплекс од гостински терен со посилни екипи. Буквално Челзи настрана од Стемфорд против посилна екипа, не ИГРА. Како да не постои. Не дека имаме којзнае каква игра сезонава, да не речам никаква, ама воопшто да не играш, да не постоиш на терен, не ми е јасно. Да се плашиш да нападнеш, да одиграш, да шутнеш. А си шампион на Европа. Кој до лани ја пеглаше Барселона, го пеглаше Баерн и све по список.

Моментот што ја реши утакмицата, промашениот пенал на Лампард. Најдобриот шутер во Челзи, пеналџија и пол, но не мора по секоја цена да постигне гол и да го руши рекордот што побрзо, ако не е сигурен во себе. Лампард уште пред да шутира, беше нервозен, не беше воопшто смирен, се гледаше тоа во неговата фаца.
Ти си легендата, ама молим те, ако не си спремен, дај му на Хазард, Ба или во краен случај Мата.
Да им дадеш гол на почеток од полувреме, ќе ги деморализираш, а да постигнеше Лампард гол, сигурен сум дека Сити немаше да победат и ние ќе имавме плус три бода.
Наместо тоа, му го подигаш моралот на противникот, после одбранет пенал, им ја креваш мотивацијата и тоа е тоа. Плус, контрата на Рамирес и Ивановиќ неискористена.
Епа кога не користиш такви прилики, а играш очајно, казната си следува. Да не се лажеме.

Луиз и Рамирес преслаби. А нашиот тактички гениј, го ваѓа Хазард, а најдобар поединец на теренот дотогаш, го става Оскар, а Рамирес продолжува да игра. Ќе се утепам!
Микел и Лампард, се вклопија во сивилото, впрочем тие и го создадоа тоа сивило. Особено Лампард после промашениот пенал. Какви дупки во среден ред оставаа, мајко мила. За првиот гол, како ги помина Силва, а двајцата дремат до него. На толкав простор ги помина двајцата.

Да не биде само дека критикувам, а не да се за критикување, туку за носење у три лепе пизде материне, само ќе ги спомнам Ба и Кејхил.
Првиов немаше ниту една топка примено, асолна. Ги доби сите воздушни дуели со дефанзивците на Сити, им ги спушташе топките на ашљациве, ама џабе. Доби само една топка и изнуди пенал. А постојано со двајца на грб беше.
Вториов, ги повлекувам зборовите од пред некој ден. Во афект не сум реален ич. Не е Кејхил просек, избрзав.
Човекот изгина денеска, милион топки им скрати и одзеде, го искомплексира Агуеро максимално. Алал да му е!
Другите не заслужуваат да го носат дресот на Челзи, поголем дел од нив. Зошто пак фановите се нервираат, нив ги боли кур. Ќе си ја земат платата и чао-пријатно.
Единствено се знае кого боли за поразиве. Тери. Кога го видов како се држи за глава кога го дадоа во кадар, ме здоболе многу повеќе од него. Ама и држењето за глава е опис за ситуацијава во клубов моментално.
Го избркаа Ди Матео, демек послаби во дефанзива со него, сме примале голови како локумчиња, а го донесоа гуруто Бенитез да ја среди одбраната, а сега со него е уште полоша. Одличен потег од управата и од Абрамович, нема што.

Не ми е за тоа што сме изгубиле од Сити, ајде, финтата е што сериозно го загрозуваме местото кое води во ЛШ. А ако не бидеме четврти барем, две сезони без ЛШ е превише. Ова што бевме во група годинава, не ни го рачунам.
Последиците ќе си дојдат до израз. Не очекувајте добар тренер, најмалку не Мурињо, ако играме со Плзен и наредна сезона, не очекувајте нови играчи, добри, кои ќе дојдат, може само да се задоволиме со некои просеци и ѓубриња од лигава и очекувајте можеби веќе постоечкиве играчи што го имаме, да изразат незадоволство и да си ја сменат средината. Извини, за лузерски клубови нејќеме да играме, па макар земаме и не знам колкава плата.
 
Според мене очигледен е протестот против Бенитез. Колку толку ќе покажеа барем малку игра...но...:facepalm:

Бенитез од старт погреши. Не може бре Лампард и Микел да бидат заедно секогаш во прв состав. Двајцата се бавни, пробај само со еден ДМФ...
Рамирес мораше да биде на местото на Лампард, а десно Мозес...
И на крај го вади Микел :tapp:, а Рамирес жолт картон има и го остава сам на средина, а Микел колку напади прекина на Сити-ама нема врска, Бенитез и никој друг...

Ешли, Микел и Кејхил беа на ниво.
Чех според мене не беше ништо посебен. 2-3 те топки одеа директно во него и тоа ако не можеше да го одбрани, срамота ќе беше. На првиот гол грешка се постави, а на вториот паѓа пред време-не му е прв пат. Можеби лани беше најзаслужен за освојувањето на ЛШ, но оваа година се почесто и почесто греши.
Кејхил оваа според мене му е најдобрата партија што ја има одиграно.
Луиз не се замараше.
Ешли одличен.
Микел (y)
Лампард не бива против секој голман пред се да шутира долу десно. Знаеме каков голман е Харт-имај план Б за вакви добри голмани. Се гледа дека Харт знаеше кога да се фрли, во правилен момент - како резултат што е одлично прочитан Лампард....
Немам ништо против него но очигледни се премногу некои грешки што ги прави...
Ба, колку толку се залагаше малку, но средината беше отсечена тотално, не му замерувам ич.

Дали Бенитез ќе ги дочека ВБА само Абрамович знае. И дали Јунајтед во меѓувреме ќе го елиминира Реал тоа не знам. :D
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 17:02 ---
Не ми е за тоа што сме изгубиле од Сити, ајде, финтата е што сериозно го загрозуваме местото кое води во ЛШ. А ако не бидеме четврти барем, две сезони без ЛШ е превише. Ова што бевме во група годинава, не ни го рачунам.
Последиците ќе си дојдат до израз. Не очекувајте добар тренер, најмалку не Мурињо, ако играме со Плзен и наредна сезона, не очекувајте нови играчи, добри, кои ќе дојдат, може само да се задоволиме со некои просеци и ѓубриња од лигава и очекувајте можеби веќе постоечкиве играчи што го имаме, да изразат незадоволство и да си ја сменат средината. Извини, за лузерски клубови нејќеме да играме, па макар земаме и не знам колкава плата.

Е да, и ова сакав да го дополнам, но заборавив...:)
 
Ево ви доказ за тие шо го хејтате торес многу дека и со него и без него исто играме и губиме од секокжго дали бил ба или торес иста игра имаме можит ба е поборбен и не пајќат многу ко плавушава шо му е ептен лошо ,проблем е абрамович да се сместит и да го избркат еднаш онај крофнарон нека донесит некој добар тренер и да не го бркат да го остајт еднас 3-4 години да се уклопит и да почниме да газиме ко шо газевме во времето на мурињо;)
 
Ево ви доказ за тие шо го хејтате торес многу дека и со него и без него исто играме и губиме од секокжго дали бил ба или торес иста игра имаме можит ба е поборбен и не пајќат многу ко плавушава шо му е ептен лошо ,проблем е абрамович да се сместит и да го избркат еднаш онај крофнарон нека донесит некој добар тренер и да не го бркат да го остајт еднас 3-4 години да се уклопит и да почниме да газиме ко шо газевме во времето на мурињо;)

Торес не му е прва сезона, беше под водство на повеќе менаџери... Голем е притисокот врз него, реков пред некој ден да отиде во друг клуб сигурно ќе биде подобар отколку тука. Ба имаше одлични минути тука, уште кога дојде постигна два гола во купот со Саутемптон мислам беше. Одлично комбинира со било кој, желен е за игра...

За вториот дел се сложувам, пишував исто пред некој ден.
Го видов и Мојс во публиката, дали значи дека ќе седне на местото нааа .... Манчини :)
 
Ако ништо друго барем ова повеќе го вреднува успехот на РДМ.

Лесно се менаџирал Челзи,пффф
 
Мило ми е шо повеќето од вас сватија дека Кејхил не е просек, напротив тој е фудбалерот кој ни е главен столб во одбраната сезонава.

Ба е премногу фокусиран на играта во 16никот, што и доликува за напаѓач, но проблемот е што не добива воопшто употребливи топки таму. Секое проигравање денес кон него беше со високи топки, а повеќето од нив беа метар над него...ко само да се оттарасат од топката. Тоа е и причината да тој изгледа полошо дури и од Торес на моменти.

Бенитез со измените ме потсетува на втората сезона на Анчелоти. Работава беше и кога губиш не пуштај офанзивен играч. Пушти си дефанзивец, и сконцентрирај се на тоа да не примиш уште еден гол. А сега со Бенитез исто, само што го остава најлошиот играч на терен, а притоа го вади најдобриот.

Ме боли најмногу тоа што играта ни е толку анемична и безидејна. Баш овие must win утакмици сезонава ги изгубивме сите..почнувајки од првата со Сити за Шилдот, па се до испаѓањето од ЛШ и поразите од Коринтианс и Свонси. Сега дојдовме до ситуација и да го изгубиме третото место, со евентуална победа на Тотнем. Арсенал беше зад нас 10тина бодови, не стигнаа и тие.

Не гледам идеална замена за Бенитез, можда пак се друго освен него би вродило со плод. Не се знае.
Можда Роман ќе склучи пак некој договор со Руската Федерација и го позајми Капело привремено да не извади од калта, на пример.
Им фали мотивација на играчите, се гледа.
 
Плукавме по Боаш, еве го кај е сега Боаш, а кај сме ние. Човекот кој наводно беше флоп во Челзи, прави дар-мар со Тотенхем, и тоа без неколку клучни играчи кои ги продадоа летово, пак е подобро пласиран од нас. Плус помалце одиграни мечеви има.
Значи не било до Боаш, нешто друго смрдело во Челзи.
 
Зарем немаше некој судир тој со Лампард и Тери?
 
Плукавме по Боаш, еве го кај е сега Боаш, а кај сме ние. Човекот кој наводно беше флоп во Челзи, прави дар-мар со Тотенхем, и тоа без неколку клучни играчи кои ги продадоа летово, пак е подобро пласиран од нас. Плус помалце одиграни мечеви има.
Значи не било до Боаш, нешто друго смрдело во Челзи.
Па нормално дека не е до Боаш.
Барем јас немав плукано по Боаш а и не ми текнува да имаше негативно мислење за него на темава.
 
Не бев дома, па уште кога го видов составот на почеток сфатив дека не треба да се замарам со утакмицата. Што беше она :facepalm:

За Бенитез имам кажано, доволно е само една прес конференција да му гледаш за да сфатиш дека нема поима што прави во Челзи моментално. :tapp:
 
Не бев дома, па уште кога го видов составот на почеток сфатив дека не треба да се замарам со утакмицата. Што беше она :facepalm:

За Бенитез имам кажано, доволно е само една прес конференција да му гледаш за да сфатиш дека нема поима што прави во Челзи моментално. :tapp:
фајв трофис
 
Овца на чело на стадо лавови ти е еквивалентно на Рафа Бенитез на чело на Челзи.
Лав на чело на стадо овци ти е еквивалентно нешто на пример Лаудруп со Свонси.
Сам себе се уби Рафа, дали свати дека ке си замине на крај од сезоната па се едно исто му е. Не ни го сакав од кога дојде во Челзи иако ја имаше мојата подршка во почетокот, исто како и секој друг тренер пред него.


Боаш ете си се докажува дека е кадарен трењер само што дојде во Челзи во погрешно време т.с не беше дораснат да се носи со Лампард и Тери.
Ди Матео може не беше голем тактичар но беше голем мотиватор,со цело срце работеше за клубот и играчите но ете и тоа некогаш не е доволно.

Мурињо е човекот кој може да го извади Челзи од овие гомна, секако со доверба на Абрамович и лимитирање на работата на Бак, Еменало и гомно компанијата на само финасиските планови а не и фудбалските оти повеќе од очигледно оти не се кадарни.
Рибата смрди од главата така да Абра таму треба најпрвин да удри.
 
фајв трофис

Абе ни он има нешто да каже, ни па новинарите имаат нешто да прашаат. Додека да почне да збори, завршил веќе. :tapp:

А и како што кажа Давор, ништо неможе да планираме сега. Клучно за иднината на клубот е место во топ 4. Доколку не успееме во тоа, наредната сезона пак ништо не правиме. Ни трансфери можеш да направиш добри, а и сегашните играчи нема да бидат задоволни.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 20:51 ---
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom