Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро бе, кој нема толку попаметна работа тие глупостите историски да ги усогласува едно со друго, кое било да не било со друго со трето со петто, вака-така-онака...
Не да пиши некој, без Рамирес немаме транзиција на игра; климави во одбрана сме без Тери и особено Иванович; Фереира бог Калу за воџа; итн....вие глупости пишувате.

Не се прајте скаузери со сила. :facepalm:
Секој различно се "загрева" пред меч од ваква магнитуда, немаш право да судиш за такво нешто, тоа е лична работа. И не заборавај дека има и суеверни луѓе кои (делумно) веруваат во такви работи.
 
На свадба кај другар сум утре :facepalm:
Коа ми кажа останав :eek: ........ сто пати го прашав дали е сигурен за терминот и зошто да
ЈБГ... се мислам да му однесам на поклон телевизор за да си го уклучам таму :pos:.... во краен случај ќе седам на рецепција или во некој кафич во близина доека се вие оро, и ќе се молам да имаат ден сите 11-мина па после на рајат да си се изнапијам - тоа барем ми е загарантирано (дали од радост или од мака)
 
Секој различно се "загрева" пред меч од ваква магнитуда, немаш право да судиш за такво нешто, тоа е лична работа. И не заборавај дека има и суеверни луѓе кои (делумно) веруваат во такви работи.
Така нека биди.

Само без спуштање на ниво на историските, не е здраво то.
 
Јас утре сум пак на роденден кај другарка, ќе биде весело, ќе си носам кошула, а под кошулата дрес од Челзи :icon_lol:
Денес специјално бев до кафаната да прашам дали има ТВ и дали ќе даваат пренос, и се се поклопи, уште победа во Минхен, и се е топ, ќе се правим ѓон.:icon_mrgr:

Иначе, јас еве малце ќе се поиграм Менаџер, и ќе поставам една моја формација и стил на игра за утре.
Би играл 4-1-2-1-2 формација.
Со Босингва лево, централно Луиз и Кехил, лево Кол.
Во средина пред одбраната би останал на дежурство одличниот Микел, игра одлична дефанзива и ќе биде одлично back-up решение за одбрана.
Пред него да бидат Лампард и Есиен, и двајцата се одлични играчи со големо искуство, кои можат да повлечат контра и со добар и прецизен пас да креираат опасна акција, плус од голема помош би биле на Мата кој би играл веднаш зад Дрогба и Торес.
Торес и Дрогба во тандем сезонава немаат играно, но јас би им укажал доверба и би ги пуштил во финалево, и така одбраната на Баерн без Бадштубер и Алаба ќе биде значително ослабена, па овие двајца ќе бидат многу опасни по голот, посебно со Мата како плејмејкер кој има одлични пасеви.
Значи одлична дијамант формација со која лесно може да се изврши добар пресинг на средина на теренот, нешто слично како што правеше Дортмунд, притоа имајќи доволно играчи кои можат некако да повлечат контра.
Имајќи на ум дека Рамирес неможе да игра крило, Калу и Стариџ сомнителни решенија за крила, ова формација би легла ко кец на десетка за мене, секако доколку има потреба може да влезе еден од овие двајца и пак да се врати во 4-2-3-1.
Ќе видиме со што ќе излезе Роби, но ова беше еден мој поглед за тоа како би требало да изгледаме.

Иначе, се прочуло дека Луиз стигнал во Минхен со Гомез во џебот, и притоа полицијата веднаш интервенирала.
527724_426614614023517_242001465818167_1591313_2033341730_n.jpg

И за крај, ламата која ја прогнозираше победата на Челзи.
tumblr_m482o5BeaQ1r3p0vko4_250.gif
 
Утре само јако и самоуверено да се почне ,па ако треба да победиме ке победиме,ако не така требало да биде.. Ке ја чекаме следната прилика (2014та) за освојување тогаш..
Се надевам и дека Баерн нема да ми ја заебат матурата :eek::eek:
Инаку ако освои Челзи ке биде wauu,ненормални работи ке се случуваат :vozbud::vozbud:
 
Лани фан-клубот на Барса пред финалето имаа направено шампионски маици.
Штета што нашиов фан клуб не им текнало нешто такво..
 
Ајде ајде :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
--- надополнето: 18 мај 2012 во 21:05 ---
560267_413649605341453_305622072810874_1219081_63228226_n.jpg

leostrutoriginal.jpg

:pos:
 
Лани фан-клубот на Барса пред финалето имаа направено шампионски маици.
Штета што нашиов фан клуб не им текнало нешто такво..
Јас мислам оти и годинава имаат направено уште пред полуфиналето, ама срамота е да се кажи. :pos:
 
Не знам колку сте во тек со шпекулации, но денес Бертран играл на лево крило, Калу десно.
Ако направам ретроспектива, Бертран и против Блекбурн играше на крило.
just sayin'..
 
Не знам колку сте во тек со шпекулации, но денес Бертран играл на лево крило, Калу десно.
Ако направам ретроспектива, Бертран и против Блекбурн играше на крило.
just sayin'..
На тренингот? Не го приметив, ама шо знам, можно е. Тој не беше пријавен ко шо знам, од кај влета сега и тој во комбинација? :confused:
--- надополнето: 19 мај 2012 во 00:01 ---
Натаниел Чалоба и Тод Кејн се приклучени од младинскиот состав - првиот средина игра, вториов е десен бек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom