Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Пишав и на темата за ПЛ, ако вечер тепаме, јас у вакво издање ќе сум:
 
Убава работа завршија Норвич, сега на нас останува, ама со оглед на премореноста на играчите... Не сум некој оптимист.
 
Очекувам победа во судиско надополнување, гол или Бане или Дрогба или евентуално Торес да шутне и чиста среќа ако не погоди статива туку право во гол, мој тип ај да видиме колку ме бива:D
 
Бертран пак прв тим!
Се надевам на добра партија, немора многу голови, само победа, конечно да се искачиме на 4то место.
Ајде Челзи, ајде Ди Матео!
 
Што е со Луиз и Есиен ?? Повредени се нешто или ги одмара за со Тотенхем ??
 
треба еднаш да се проба со дрогба и торес во нападот,да се види како функционираат заедно.:)
 
Слабо прво полувреме, премногу споро се движи топката, спора ни е транзиција. Но со оглед на бројката на натпревари кои ги изиграа, добро е.
Клатенбург почна да ги губи конците на натпреварот, првин не досуди чист пенал, после за да компензира досуди во најмала рака сомнителен пенал, но како и да е Челзи води.
 
Слаба игра, ама па што друго да се очекува со Калу и Микел. Пеналов ни дојде како чоколадо после ручек иако уште не сум убеден дека го имаше, од друга страна кога ќе видиш што фаул му даде на Рисе, не е за изненадување. Торес најмногу се труди, Бертран добар, уморни се сите, се гледа, ама мора да стиснат заби да се издржи, оваа мора да се добие.
 
Бертран без грешка, игра слаба (но сепак добро „одмарање“), пенал имаше - старт директно на нога... уште еден гол за да нема нервози до крај...;)
--- надополнето: 9 април 2012 во 22:04 ---
еве 15 секунда најдобро се гледа
http://watchhighlightsonline.blogspot.com/2012/04/video-murphy-brought-down-kalou-in-box.html
--- надополнето: 9 април 2012 во 22:54 ---
Абе Кејхил кај го напрчи газот :tapp:
 
Се прокоцкавме :(. Маки за понатака .
 
Мораше да се искористи поразот на Тотенхем. Ама тоа е, заморот си го прави своето. :(
 
Абе Кејхил кај го напрчи газот :tapp:
Мене многу повеќе ме интересира зашто немаше никој на таа втора статива? Да имаше некој, како е нормално и како што треба да биде, најверојатно ќе си лапневме 3 бода....вака 6то место..
 
Мене многу повеќе ме интересира зашто немаше никој на таа втора статива? Да имаше некој, како е нормално и како што треба да биде, најверојатно ќе си лапневме 3 бода....вака 6то место..
Исто и ја тоа се чудев, кога веќе имаше некој на прва требаше и на втора, или нема никој на ниедна статива, не знам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom