Не знам зошто ти е чудно, на последни утакмици можеш да забележиш дека никој од играчите не се замара, не го ферма Боаш, освен Луиз, Мата, Тери и Иванович. Јас ова го забележив највеќе против Евертон, буквално никој не играше, само трчаа.
Мене тој однос ме нервира, затоа што тие се професионалци, и како професионалци мора да се прилагодат на секоја ситуација и тренер, и да извлечат максимум, со тоа што бунтуваат против Боаш, губи само Челзи, рискира пласман во ЛШ и друго, континуитет веќе одамна немаме.
Многу се зборува околу смена на Боаш, што е сосема природно кога е во прашање Челзи. Не знам дали треба да се менува Боаш, и колку е тоа паметно, но Челзи пак ќе изгуби многу. Ќе изгуби кредибилитет кај многу идни таленти, кои нормално дека ќе одбијат трансфер во Челзи затоа што ќе го гледаат како лоша дестинација за трансфер и нивно развивање, ќе доаѓаат само исфорсирани мајмуни со една добро изиграна утакмица кои ќе лапаат ненормални суми на пари неделно.
Дека ќе изгубиме констатност неможам да кажам затоа што Челзи под водство на Боаш и воопшто не беше резултатски константен, се играше топло ладно, но повеќе беше ладно. Играше многу лошо, во неколку наврати видовме потполна импотенција на целиот тим, кој се вади дека немаме плејмејкер квалитен, што е и чудно затоа што Челзи сезонава има подобар тим отколку кога беше Анчелоти втора сезона, па вадиме полоши резултати.
Според мене е многу јасно, јас отсекогаш сум за Мурињо, отсекогаш сум сакал да се врати, само ако се тој врати, Челзи ќе биде стариот, само тоа е човек кој Челзи може да го направи повторно шампион, тоа е човек што може да контролира соблекувална и екипа како Челзи.
Сите други за мене се пролазни работа, кој и да дојде ќе има огромни проблеми, затоа што играчите само се научени на Мурињо игра, ништо друго.
Мене лично не ми се верува во враќање на Мурињо, посебно не кога му се смее титула во Примера, и евентуално ЛШ, најреално.
Но интересни опции за мене се, пред се, Брендон Роџерс, Капело и Хидинк.