Денес изгубив верба во целокупниот тим на Челзи, буквално во сите.
Највеќе сум разочаран од Боаш, поради играта денес, поради замените, поради начинот на кој затвара очи на очигледните грешки кои скоро секој меч не чинат бодови. Разочаран сум од начинот на кој играчите се кондиционо спремни, од нивната психичка спремност и пристапување кон меч во ПЛ, немаме никаков менталитет, никаков карактер, немаме ништо. Нема победнички дух во екипата, нема мотивација, превише сум разочаран.
Ова се некои карактеристики кои секој фан на Челзи ги воочил сезонава, за тактичка интелигенција и знаење на Боаш не сум компетентен да коментирам, но денес од Мојс беше прочитан како стар буквар.
Што се однесува до играчите, секој коментар е веќе излишен и кажан, немаме константност, немаме професионалност, затоа се и пристапува толку несериозно и шарлатански кон меч. Сите се подпросек, ужасно играат, нема никаква организација на терен, да се знае кој додава, кој шутира, секој изиграва Меси во екипа, ебем ти играчите. Чех почна да се губи по терен, и по не знам кој пат сезонава прави аматерска грешка во додавање, со кое што само ги компликува работите, не знам дали е толку тешко да се исфрли топката што подалеку. Слабо многу слабо, но верувам дека ќе играат многу подобро да имаме тренер кој е строг како Мурињо или Фергусон, а не другарче како Боаш.
Превише сум разочаран, денес плус и откажав возење за да го гледам мечот, сезонава е последен пат што правам така додека не се отпушти Боаш, немаме никаков ред и дисциплина, никаков, па така не заслужува веќе да си трошам време и да си одложувам обврски за ваков смрден Челзи.