Последниве два натпревари ги пропуштив, а од утре одам на одмор и ќе ме нема до кај 20ти август.
Само да ве поздравам пред да одам.
Кога ќе се вратам очекувам да е веќе појачан тимот со бар 2 трансфери на квалитетни играчи кои ќе можат да допринесат на клубот оваа сезона. Еден би требало да е Мдрич или Пасторе. Имаше шпекулации дека е договорено за Модрич. Вчера викаа некои од Тотенхем дека не тренирал туку се поздравувал со соиграчите за да си оди. Ќе видиме што ќе испадне од тоа. А денес од Палермо викаат дека трансферот на Пасторе ќе биде решен денес, со прифатени понуди од Челзи и ПСЖ. Колку е точно тоа ќе видиме, ама доколку треба Пасторе да одлучи за кој клуб ќе потпише, мислам дека ќе го одбере Челзи.
Тоа е од мене, бидете поздравени, се читаме кога ќе се вратам.