Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Како и да, не знам дали да се смеам или да плачам. Не играме кој знае како, а после утакмицава играчиве ќе се надуваат ко пауни.


Да,не игравме кој знае како,и немавме баш некоја контрола на играта но ете сепак 4-0 и те како добар резултат за враќање на самодовербата.

Честито победа!Да се множат!
 
конечно после 2 месеца сврзавме 2 победи во серија на што ке да е
 
Добро е што и МекЕкран доби шанса,но ме нервира тоа што слонот го игра на не-природна позиција,односно задњи везник,а усвари детето треба да игра многу понапред.Да се надеваме дека ќе го увиди тоа и нема да го уништи потенцијалот на Мек..

Јас се мислам дека дебелиот сака да направи од Џош „нов Пирло“ :toe:
 
DA TEPAVME SO EVERTON,TOTENHEM I ASTON VILA KE BEVME SEA VTORI SO 47 BODA :(
 
Браво браво.Искрени честитки.:smir: Нам,фановите на Арсенал ни одговара да се вратите у форма и во одложената утакмица со Манчестер да победите :)
 
Презадоволен од резултатот, играта уште треба да се подобри.

Многу ми е мило за Рамирес што го постигна првиот гол во Челзи. Навистина се трудеше на последниве неколку натпревари, доста е подобрен за разлика од првиот дел од сезоната.
Стариџ не доби ни една минута. Во моментов, повеќе заслужува старт отколку Малуда. Незнам зошто неможе да почне редовно да игра.

Како и да е, следува ФА куп, гостување кај Евертон. Се надевам дека лесно ќе ги пројдеме и ќе продолжиме понатаму.
 
http://www.telegraph.co.uk/sport/fo....5m-deal-for-Benfica-defender-David-Luiz.html

Работава е изгледа готова,гледам и на Твитер новинариве англиски ја објавија веста!
Најскап трансфер на Челзи во последниве години би бил,така да ова не ми се допаѓа.Подобро да дадевме олку пари за Санчез или некој ко Санчез,него за дефанзивец.Што е многу,многу е.

--- надополнето ---

Bolton+Wanderers+v+Chelsea+Premier+League+YzuQ22akdHpl.jpg



п.с.Фин гест од нашите навивачи.
 
€30 million (£25.5 million) — making him their most expensive transfer for five years.

Да дадевме за напаѓач или некој плејмејкер 30мил ај...ама за дефанзивец...

--- надополнето ---

article-1350201-0CE4C928000005DC-811_634x582.jpg
 
Честито играч, не знам дали вреди за парите, ама и Рио кога дојде во Манчестер беше купен за 30милиони па еве го што се не освои...така да може и тој вашиот да се покаже во добро светло.
 
Не е уште официјално,и не е цената 30 милиони,помалку е.
Но,според медиумиве ако Луиз дојде(а,утре најверојатно ќе го комплетира трансферот)тогаш Алекс ќе си заминел од Челзи.Не знам колку е тоа точно,ама дефинитивно нејќам дебелково да си замине.

И на лето очекувам напаѓач од 30 милиони,крилен играч од 25 милиони,везњак од 35 милиони,десен бек од 25 милиони,и уште еден напаѓач од 20 милиони.
Кога веќе се даваат 25 милиони за дефанзивец тогаш ајде да го отвориме ќесето и за други играчи.
 
Не е уште официјално,и не е цената 30 милиони,помалку е.
Но,според медиумиве ако Луиз дојде(а,утре најверојатно ќе го комплетира трансферот)тогаш Алекс ќе си заминел од Челзи.Не знам колку е тоа точно,ама дефинитивно нејќам дебелково да си замине.

И на лето очекувам напаѓач од 30 милиони,крилен играч од 25 милиони,везњак од 35 милиони,десен бек од 25 милиони,и уште еден напаѓач од 20 милиони.
Кога веќе се даваат 25 милиони за дефанзивец тогаш ајде да го отвориме ќесето и за други играчи.

Зашто насекаде пишува дека ќе давате и играч како замена + 25 милиони?
Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom