Очигледно Алонсо има одврзани раце во однос на трансфер одлуките, прво Велбек, а потоа и Хендерсон. И двајцата како громови од ведро небо, притоа Велбек имаше одлична сезона во Брајтон. Малку искуство во тимот, малку контрола на соблекувалната.
Во однос на овој трасфер период, донесоа буквално се, сем голман. Мислам дека ќе одат на Коста, кој треба да е прва ракавица пред Санчез.
Во однос на одбраната, Лакроа и Палестра, плус ќе донесат уште еден бек од Шпанија за 20тина мил. Чалоба оди во Италија, наводно за 36 мил, треба да ги средат и Бадиашил и Дисаси. Дисаси се поврзува со Вест Хем. Тосин веројатно на позајмица. Ќе останат Колвил, Фофана и Ачемпонг.
Искрено ако Сити покаже интерес за Густо, не гледам причина зошто овој трансфер не би се реализирал, има директна замена, Палестра, а тука е и стаклениот Џејмс. Од друга страна, Кукуреља е продаден, останаа со Хато и детево што ќе го донесат од Шпанија за 20тина мил.
Средината, Енцо и Каиседо, Хендерсон, Есуго, Лавиа и Барко. Лавиа повторно е повреден, прочитав дека му е 12та повреда откако потпиша за Челси, нешто слично го Фофана, па и Џејмс. Имаат доволно играчи, а тука се и Палмер и Роџерс, кој играат и на крило и како 10ка. Може да бидат крила во формација каде Жоао ќе биде 10ка, а Велбек шпиц, или еден крило, а другиот 10ка.
Гитенс и Мудрик се класичните леви крила, според мене и двајцата се аут, што позајмица, што продажба. Не знам колку Мудрик е спремен кондициски, па и психички, од една страна изолационизмот, од друга страна е целокупната кампања против него дека припаѓа на фронтот, а не на теренот. Естевао, Нето и Квенда се класичните десни крила, нема да ме чуди еден да биде отпишан, како Нето, кој се поврзува со Сити.
Шпиц, Жоао и Велбек. Делап и Џексон мора да се отпишани, дрва, врска си немаат. Останатите се или за позајмица или за продажба.
Досега донесоа 10-11 играчи, продадоа само 3, и еден замина на позајмица. Што ќе рече и онака широкиот состав стана уште поширок. Јасно, дел од новите засилувања ќе заминат на позајмица, но и оние, да речеме 5-6-7 кои ќе бидат дел од составот, мора да истуркаат некого надвор. Башка досега потрошија околу 400 милиони евра, а ќе фрлат и дополнителни 50 за голман. Заработија околу 130 милиони, со Чалоба ќе стигнат до околу 160, што е скоро 3 спрема 1 соодносот потрошени и заработени средства. А има многу да се продава, многу вишок, многу неквалитет.
Ако пропаднат преговорите со Енцо и се реши за трансфер во Атлетико, ќе треба да се донесе нова негова директна замена, Вортон или Адамс, кои ќе бидат околу 80 милиони. Тука се и Сити, кој ако остане без Родри ќе тргне кон нов средишен играч. Тоа значи наддавање. За оваа позиција и Њукасл е во игра.
Кога веќе се распаќа Њукасл, нека им го соберат Брн за мали пари, барем ќе го решат прашањето со одбраната.

Дел од вишокот може да заврши кај нив, па и во Евертон и Форест, посебно Евертон и Њукасл кои останаат без неколку клични играчи. И еве им шанса и на Арсенал, да не ја прекинат традицијата, и да си го земат Џексон за сича.
Не треба да се има широк состав, со оглед на тоа дека најчесто ќе се игра еднаш неделно, ќе згусти пред Нова и толку. Нема да има минути за сите. Ова ќе креира незадоволство кај одредени играчи, затоа треба да го скрати составот. Башка, имаат 5-6 голмани, плус уште еден може да се донесе. Тешко дека вториот ќе припари на теренот, не пак третиот, кој се чува како лута резерва. Останатите слободно можат да ги раздаваат.
Го загубија Кукуреља, првотимец, и Сантос, резервист. Од друга страна го засилија составот. Ако успеат да ги задржат сите стандардни првотимци од минатата сезона, и клучните резервисти, ќе имаме одличен трансфер период.