Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Блу Деј!

Интересно, Бога е во Јувентус, баш ми е мило за него.

Од ова што гледам, ми делува дека сепак со 4 позади ќе игра Чаби, а горе доле ми делува и ко да го има одбрано стандардниот тим, барем таков вајб ми има за заднава четворка (ваљда шпанецов ќе влезе место Хато и Џејмс кога ќе е здрав, ама горе доле...тоа е)

Добар тест за многу играчи што имаат што да докажат, ваљда овие натпревари во Хонг Конг се последна шанса за многу играчи.
Се надевам Волш ќе влезе во второ
 
Очигледно Алонсо има одврзани раце во однос на трансфер одлуките, прво Велбек, а потоа и Хендерсон. И двајцата како громови од ведро небо, притоа Велбек имаше одлична сезона во Брајтон. Малку искуство во тимот, малку контрола на соблекувалната.

Во однос на овој трасфер период, донесоа буквално се, сем голман. Мислам дека ќе одат на Коста, кој треба да е прва ракавица пред Санчез.

Во однос на одбраната, Лакроа и Палестра, плус ќе донесат уште еден бек од Шпанија за 20тина мил. Чалоба оди во Италија, наводно за 36 мил, треба да ги средат и Бадиашил и Дисаси. Дисаси се поврзува со Вест Хем. Тосин веројатно на позајмица. Ќе останат Колвил, Фофана и Ачемпонг.

Искрено ако Сити покаже интерес за Густо, не гледам причина зошто овој трансфер не би се реализирал, има директна замена, Палестра, а тука е и стаклениот Џејмс. Од друга страна, Кукуреља е продаден, останаа со Хато и детево што ќе го донесат од Шпанија за 20тина мил.

Средината, Енцо и Каиседо, Хендерсон, Есуго, Лавиа и Барко. Лавиа повторно е повреден, прочитав дека му е 12та повреда откако потпиша за Челси, нешто слично го Фофана, па и Џејмс. Имаат доволно играчи, а тука се и Палмер и Роџерс, кој играат и на крило и како 10ка. Може да бидат крила во формација каде Жоао ќе биде 10ка, а Велбек шпиц, или еден крило, а другиот 10ка.

Гитенс и Мудрик се класичните леви крила, според мене и двајцата се аут, што позајмица, што продажба. Не знам колку Мудрик е спремен кондициски, па и психички, од една страна изолационизмот, од друга страна е целокупната кампања против него дека припаѓа на фронтот, а не на теренот. Естевао, Нето и Квенда се класичните десни крила, нема да ме чуди еден да биде отпишан, како Нето, кој се поврзува со Сити.

Шпиц, Жоао и Велбек. Делап и Џексон мора да се отпишани, дрва, врска си немаат. Останатите се или за позајмица или за продажба.

Досега донесоа 10-11 играчи, продадоа само 3, и еден замина на позајмица. Што ќе рече и онака широкиот состав стана уште поширок. Јасно, дел од новите засилувања ќе заминат на позајмица, но и оние, да речеме 5-6-7 кои ќе бидат дел од составот, мора да истуркаат некого надвор. Башка досега потрошија околу 400 милиони евра, а ќе фрлат и дополнителни 50 за голман. Заработија околу 130 милиони, со Чалоба ќе стигнат до околу 160, што е скоро 3 спрема 1 соодносот потрошени и заработени средства. А има многу да се продава, многу вишок, многу неквалитет.

Ако пропаднат преговорите со Енцо и се реши за трансфер во Атлетико, ќе треба да се донесе нова негова директна замена, Вортон или Адамс, кои ќе бидат околу 80 милиони. Тука се и Сити, кој ако остане без Родри ќе тргне кон нов средишен играч. Тоа значи наддавање. За оваа позиција и Њукасл е во игра.

Кога веќе се распаќа Њукасл, нека им го соберат Брн за мали пари, барем ќе го решат прашањето со одбраната. :D Дел од вишокот може да заврши кај нив, па и во Евертон и Форест, посебно Евертон и Њукасл кои останаат без неколку клични играчи. И еве им шанса и на Арсенал, да не ја прекинат традицијата, и да си го земат Џексон за сича.

Не треба да се има широк состав, со оглед на тоа дека најчесто ќе се игра еднаш неделно, ќе згусти пред Нова и толку. Нема да има минути за сите. Ова ќе креира незадоволство кај одредени играчи, затоа треба да го скрати составот. Башка, имаат 5-6 голмани, плус уште еден може да се донесе. Тешко дека вториот ќе припари на теренот, не пак третиот, кој се чува како лута резерва. Останатите слободно можат да ги раздаваат.

Го загубија Кукуреља, првотимец, и Сантос, резервист. Од друга страна го засилија составот. Ако успеат да ги задржат сите стандардни првотимци од минатата сезона, и клучните резервисти, ќе имаме одличен трансфер период.
 
Sakam Mudryk da napravi comeback otkako iskoci deka e fejk doping rezutlatot odnosno po novi standardi voopsto ne bi ni padnal na doping testot. Mu skratija 2 godini od kratka kariera na momakot kaj sto trebase da se razviva radi birokratija. Navivam da go bidne.
 
Сити и ПСЖ се распрашувале за 75м фунти да купат еден играч што ние не го сакаме во тимов.
Мало ф Густо
Изгледа ние нешто не знаеме во врска со талентот што го имаме во тимот и не го разбираме фудбалот или пазаров е тотално скршен.

Не ми е јасно

Да дојдат до 40+м фунти чист ќар од Густо капа и спуштам на американциве.
 
Многу подобра игра со оваа формација, играчите многу полесно се покриваат и надополнуваат како дефанзивно така и офанзивно.

Палестра ме импресионираше, пред се офанзивно и со топка во нозе.

Многу зависи со која формација ќе игра Алонзо па така да го склопи тимот, едно е оваа формација денес а друго е со онаа што игравме до сега.
Има доста за продажба, Куенда, Хато се наметнаа во тимот, доста позитивни работи од нив.

Од побитните ако се кешира добра сума како што се збори за Густо, нека го носат.

Нето ми е енигма, Куенда ми делува доста добро, за разлика од Нето и Вилиан не е себичен и константно кога може соработува со бекот.
Многу подобри центаршути.

На Алонзо е секако, но Нето, Вилиан, Куенда па и Палмер се премногу за таа десна страна.

Палестра и Џејмс мора да се винг бекови.

Лево Чавариа и Хато.


Ми се допаѓа што во составот се направи ширина.

Еве денес Педро делуваше од втор план ама константна опасност за голот, Палмер беше слаб ама како замена може да влезе Вилиан, Куенда исто така може да покрие, Роџерс.

За пивот и дм исто така е добра конкуренција.
Секако барем моментално Каиседо е незаменлив но мислам дека доколку Енцо си замине би можело да се најде замена а да не се примети толку на терен.
 
Палестра звер у пм. Не гледам како Џејмс или пак Густо да играат покрај овој.

На минатите две малце ме изнервира што себичеше во некои ситуации. Мислам првата пријателска беше кога можеше комотно да асистира. Али типот рано навестува полн погодок како трансфер.

Баш ме интересира како ќе изгледа со Чхавариа составов.



Читам дека испод 120 нема да го продавале Енцо. Мислам дека сепак ќе заврши во Реал на крај. Освен Сити ако не изненади.
 
everything is a win when the goal is да докажеш дека 90% од екипава не е за во Челзи

Добро бе, забавно, интересно ми беше да гледам утакмица каде што не им се игра на играчиве и има некој полу-аматерски вајб. Не се ни зезам, симпатична утакмица со добар вајб, мило ми е за фановите во Азија што го гледаа Челзи во живо, сигурен сум дека атмосферата ќе биде хајп ако некогаш имаат вакви небитни утакмици и на Балканов. Особено ако некогаш некоја екипа од Нигерија на пример успее да ги договори, можам да замислам каква атмосфера ќе биде. Фудбалот и резултатот е секундарен секако.

Палестра ме импресионираше, пред се офанзивно и со топка во нозе.
Особено офанзивно. Човеков никако не смее да се натера да игра дефанзивно и да му се даваат претерано дефанзивни задачи. Нека игра вингбек сезонава, ама никако да не биде "ah, da beshe bolji ovoj defanzivno ke tepavme.." тип на ситуација, мора од други да се очекува подобра дефанзива.
Баш ме интересира како Чаби ќе го внесе во екипава, има шанса овој да биде Бејл реген...

....под претпоставка дека ќе игра добро сезонава.

Милион играчи има што имале добра предсезона па се изгубиле во сезоната, сепак ќе пробам да бидам реалистичен.
До сега играше јако против полу-професионалци и против екипи од Италија - што веќе знаевме дека е одличен против такви екипи.
Сигурно ќе биде различно да се игра во ПЛ.

Ама од ова до сега што го видов - дефинитивно најдобар наш играч во предсезонава заедно со Педро.

Сити и ПСЖ се распрашувале за 75м фунти да купат еден играч што ние не го сакаме во тимов.
Мало ф Густо
Изгледа ние нешто не знаеме во врска со талентот што го имаме во тимот и не го разбираме фудбалот или пазаров е тотално скршен.

Не ми е јасно

Да дојдат до 40+м фунти чист ќар од Густо капа и спуштам на американциве.
А бе не е премногу лош играч, иако ние сакаме да се ослободиме од него

Сити и ПСЖ го сакаат дека:
-е искусен играч
-игра за една од најјаките репрезентации
-докажан е, за разлика од тоа да земеш некој 20 годишен од Генгамп/Феенорд/Гетафе/Што и да е

Да имаш 23 годишен играч што играл во една од најјаките репрезентации и екипи и тоа бил и на СП и на СКП и во ПЛ и све тоа... не е мала работа...

+
Мареска има ОГРОМНА задача. Луѓе како него што одеднаш добиваат огромен step-up во кариерата немаат ептен простор за ризикување. Мора ОДМА да се докажат. Така да, нема простор за Мареска да бара играчи што не ги знае. Го знае Нето. Знае што играч е, подобра опција му е од некој што не го знае. Исто и Густо.
Затоа ги бараат Сити.

Во Лига1 не знам дали има правила за homegrown играчи, ама 90% сум сигурен дека има, па така логично е дека ПСЖ ќе ги бара играчите од француска репрезентација, а сигурен сум дека и добро би се снашол таму.

Ми има логика.

Е сега цените што се ретардирани е друг муабет, ама мора да се навикнеш на бројкиве, тоа е, помалку докажани играчи одат за многу поголеми суми.
 
Чалоба официјално во Комо, мислам 30 и нешто милиони кои директно влегуваат на зелената страна на ФФП ако не се лажам.
Што да се каже, лојален играч, го "истераа" еднаш и се врати кога беше потребен, релативно стандарден и мислам со Колвил и до некаде Фофана единствени нормални централни дефанзивци минатата сезона. Тосин, Дисаси и Бадијашил мора да си идат, со тоа што нема да ме зачуди еден од нив да остане за длабока резерва.
Мамаду Сар, Анселмино и Ачемпонг се во тимот исто така.
Ако Алонсо инсистира на тројца назад, тоа значи дека Ачемпонг и еден од Бадијашил/Анселмино (леваци се) ќе останат. Назад можат да играат се разбира Хато, а и Џејмс ако загусти (особено во тројка позади).

Освен ова, треба да чистат крила/напаѓачи, така што има уште работа за тимот во овој сегмент.
 
^A да, фер е да се испоштува и трансферот на Чалоба.
Штета што не успеа кај нас, ама стварно минатата сезона бевме ептен тапа во одбрана, едноставно мора(ше) да се ослободиме од дефанзивци.

Од друга страна пак, отиде од екипа на средина на ПЛ во екипа што ќе игра во ПЛ догодина, башка и од ладно време на супер клима и град... Така да, со среќа нека му е со апгрејдот, се надевам дека ќе се снајде добро во Италија
 
Во Лига Купот ќе играме со Лутон, дома.

Одлични вести. Сепак ќе играме по 2 утакмици во седмица :icon_lol:

Имаше реална шанса со Тотенхем да се паднеме, што исто ќе беше интересно. Буквално кога се случуваше ждребот единствени опции за противници беа Чарлтон, Лутон и Тотенхем...

Инаку, еве ептен интересна статистика:

Челзи со натпреварот против Џохор Дарул Тазим заврши со гостувања надвор од државата, најверојатно се до Јули 2027 кога ќе ги игра следните пријателски натпревари.
 
Наводно разговарано е со Енцо и агентот, ако сака да си оди да не чека последна недела.

Ми се допаѓа стратегијата што ја водат, не сакаат да држат незадоволни играчи во тимот, ниту по секоја цена да ги задржат.


За пофалба е и односот на Алонзо на припремите, сите добија шанси и тоа никако не беа лесни минути, им даде на знаење на Санчез пред се а богами и на останатите побитни играчи дека лесно можат да бидат заменети.


Добро го распореди некако периодот на припреми Алонзо, до сега играа 70% играчи што се или за позајмица или трансфер и евентуално неколку ќе се инволвирани во првиот тим.

Наредниве 4 натпревари до крај на трансфер период најверојатно ќе бидат за овие играчи што се приклучија доцна воедно и играње на прв состав,
па евентуално последни 3-4 дена да се гледа уште играч два да се донесат.
 
Изгледа овој у Сити ќе оди, интересно е кого би таргетирале овој Скот и Вартон се споменуваат цело лето (у случај ако Енцо си оди) поради фактот што се бара искусни играчи во средината остануваат со Кајседо, Лавиа, Барко, Хендерсон,
овој од Ман Сити Гонзалез се спомнуваше истотака дека би бил одличен фит со она што Алонсо сака да го игра. Али тешко би го ослободиле него после Родри и Рејндерс.
 
1786626813669.png

Oсвен Ензо, сите би ги продал, ако некој не плати би намалил по 5-10милиони.

Ако го соберат Ензо овие од Сити, ќе не изеде. Не знам зошто не им е јасно на голем дел од навивачиве ама Ензо е машина од играч, во добар состав ќе растура, па и кај нас константно е еден од најдобрите играчи.
 
Прегледај го приврзокот 484786

Oсвен Ензо, сите би ги продал, ако некој не плати би намалил по 5-10милиони.

Ако го соберат Ензо овие од Сити, ќе не изеде. Не знам зошто не им е јасно на голем дел од навивачиве ама Ензо е машина од играч, во добар состав ќе растура, па и кај нас константно е еден од најдобрите играчи.

Тешка преврталка па што и правеше на Бенфика за да исфорсира трснсфер кај нас, пс сеа пр-ов го штити (пред нејкој ден пуштија инфо демек проблемите доаѓале од Пасторе агентот а не од него) ќе видеме што ќе пуштат кога ќе го продадат clmerlo јавува демек Сити понудил 120м па ќе видеме.
 
Back
На врв Bottom