Македон1312
KTBFFH
- Член од
- 17 јуни 2022
- Мислења
- 198
- Поени од реакции
- 591
После онаква утакмица против Кристал Палас, навистина е греота што не му дадоа ниту минута на Ачемпонг. Играта не беше лоша ако ги согледаме околностите, со каков тим излезе Мареска на почетокот на мечот, иако јас би преферирал да правеше повеќе рокади со Баерн отколку со Брентфорд, ама тоа е. Радува враќањето на Палмер, како и добрата форма на останатите главни играчи. Буенаноте беше солиден, Гитенс доста слаб, ама опасен играч е, ќе му треба уште време да се привикне и ќе почне да кида. Истото го мислам и за Хато. Гарначо беше океј и мислам дека ќе биде доста корисен за Челзи. Осум бода по четири одиграни кола и не е толку лошо, ако се земе предвид дека игравме против четири лондонски тима. Ако го погледнеме и бројот на повредени играчи, можеме да бидеме задоволни. Секако, можеше да биде многу подобро, особено вечерва, и начинот на кој останавме без два бода беше навистина фрустрирачки, ама нема место за лелекање, тоа е, продолжуваме понатаму.
Имаме доста тежок распоред – во првите пет кола игравме со четири лондонски клубови и Манчестер Јунајтед во гости. Тука е и Лигата на шампиони, каде што имаме тешки утакмици. Сега, во 10 дена, имаме четири гостувања. Првото започна со кикс, и сите овие работи се исцрпувачки, и физички и психички. Доаѓаат подобри денови за Челзи, а децата од академијата кидаат и во младинските лиги, и на клупско, и на репрезентативно ниво.