14 години навивам за Челзи, денес за првпат слушнав дека на полувреме, играчите на Челзи беа исвиркани од навивачите. А тоа значи нешто, особено ако се земе во предвид фактот дека фановите на Челзи, оние кои доаѓаат на Стемфорд Брид, се едни од најкоректните во цела Англија.
Ако досега се двоумев, од денес сум сигурен. Челзи дефинитивно поседува играчи со најмал IQ во цела лига. Не знаеш што и од кого да очекуваш. Идиотот Кејхил, со неговиот препознатлив фор при изнесување на топката, по не знам кој пат, после загубувањето на истата, прави непромислен и дебилен старт, без никаква потреба и на средина од терен. Зошто? Не верувам ни дека самиот знае да објасни.
Стартот од Фабрегас, исто така. Само што нему му се случуваат еднаш годишно вакви инциденти, но во текот на сезоната игра добар (со мозок) фудбал, па не би било фер доколку се стави во иста категорија со овој погоре.
Црвените картони на Кејхил и Фабрегас се дел од нешто многу поголемо. Не се инцидентни и изолирани, туку се дел од недисциплинираноста на тимот и тоа оди на душа на Конте. После повеќе од година, денес морам да го искритикувам тренерот и сметам дека и покрај очајното судење (црвените беа на место, се останато беше во најмала рака многу лошо).
И тоа нешто сериозно ме загрижи. Три црвени картони за 6 дена, во два натпревари, недозволиво. Играчите беа нервозни уште од прва минута. После остриот старт на Алонсо, кога доби заслужен жолт, се гледаше дека нешто не штима. Конте не може да контролира секогаш идиотско однесување на поединец, но Конте не смее да дозволи неговиот тим да ги загуби нервите и да се однесува на терен како куче пуштено од ланец.
Друга работа, пристапот на Конте по црвениот картон. Сериозно, го вадиш Бога, а ставаш централен? Што ќе го чинеше тоа да продолжи со истите играчи, а одбраната да биде составена од Азпи-Рудигер-Луиз-Алонсо? Да, ќе беше преголем ризик доколку игравме со Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед, па ајде, што е сигурно - сигурно е. Ама со екипа која најверојатно ќе испадне на крајот од сезоната, екипа која поим нема од фудбал? И тоа на Стемфорд Бриџ? Голем хендикеп е играње со 10 играчи, тоа е факт. Но и во тие околности, тим како Челзи не смее да дозволи да се повлече и да доживее таков потоп, како што доживеа во првото полувреме. Големи екипи, победувале и со црвени картони, многу посериозни имиња од ебениот Барнли на Шон Дајч. Денес како да беа заменети улогите. За првпат Конте одигра кукавички.
Тајмингот со замените? Бачуаји не можеше да се состави со топката 60 минути, мораше уште на полувреме да го седне на клупа. А единствениот играч кој можеше да смени нешто во последните 15, Мусонда, влезе во игра во 91 минута? Сериозно?
Секако, од ваквото издание не треба да се изземат и фудбалерите, кои пренервозно го продолжија натпреварот и целосно се загубија на терен. Изгледа феноменалниот Сем Воукс и Роб Брејди, преголем залак беа за ланските шампиони. Да ми ебеш матер.
И трето, но не и најмалку важно. Повторно се однесува на Конте. Консеквенците кои можат да се одразат на фудбалерите, по катадневните изјави на Конте за квалитетот и квантитетот на тимот. Јас, а верувам дека и целата фан-база на Челзи, апсолутно стои позади Конте и за ова прашање. Секој што разбира малку фудбал, ќе знае дека на Челзи му се потребни уште засилувања, за да биде конкурентен и да освои титули сезонава. Ама, константното, јавно повторување дека екипата не е добра, може да остави сериозни последици по одредени поединци. Не верувам дека некому е сеедно кога тренерот изразува недоверба во вас, а пред два месеци сте ја овоиле убедливо лигата.
Се на се, лош почеток. Од една страна, поразот ќе го уклучи алармот во бордот на клубов и веројатно ќе видиме уште некое ново лице до први септември. Од друга страна, мечот со Барнли ни донесе некое нови непријатни моменти, кои можеби и ќе ја детерминираат овогодинешната кампања во Премиер Лига. Да не заборавиме и дека губиме три бодови против екипа која е ќе се бори за опстанок, на домашен терен.
Имаат шанса да се поправат. И Конте и играчите, а највеќе бордот. Тотенхем ќе биде пекол, но на мака се познаваат јунаците, така што...
п.с одлично деби на Мората. Движењето, желбата, гол и асистенција. Барем ќе му биде сега лесно на Конте во изборот на шпиц против Тотенхем.