Отиде Квадрадо. Се надевам дека стварно има и опција за откуп од 25 милиони евра и дека Јуве ќе ја искористи на крај и ќе ни го тргне, не би сакал да се врати наредно лето па пак да мислиме што да му правиме. Он е 25тиот играч кој го праќаме на позајмица ова лето. До крај ништо чудно да отиде над 30 бројката
Од друга страна, изгледа ништо од Стоунс. Глупо е што он изгледа воопшто не притиска за трансфер, па колку и да понудиме, Евертон ќе одбијат. А да покажеше он дека сака да си оди и да притиснеше малце, и за 30 милиони ќе го дадеа мислам.
Сега Ди Марцио вика дека ќе се свртиме на Гарај како алтернатива. Ако е вистина, тоа што би земале постар дефанзивец (28), а не некој млад талент како Стоунс, ми дава надеж дека пак ќе се вратиме по овој, дали во јануари или наредно лето. Само што сега беше шансата да се донесе. Наредно лето и цената ќе му биде уште повисока, а и ќе има и други заинтересирани клубови.
За Погба стварно има интерес, и демек спремни биле да пратат нова понуда. Иначе првата изгледа била 75 милиони евра, а сега биле спремни за одат со 70 милиони фунти. Според некои шпекулации, Јуве првата понуда не ја одбиле со индикација дека нема шанси да го дадат по било која цена. Ама проблемот бил и што личните услови биле одма одбиени од агентот на Погба затоа што платата која сме му ја нуделе била премала. Како и да е, не верувам да успеат во ова. Да не им отидеше Видал, ќе беше возможно, а вака многу тешко. Проблемот е што никој не се спомнува како алтернатива за засилување во средина.
Уште една недела останува и ќе треба брзо да се реагира. Дефанзивец мора да се донесе, па за друго ќе видиме.