Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Играта во прво полувреме е баш тоа што го очекував против Барнли. Не знам дали намерно им дозволија на Лестер да играат, после тешко беше да се превземе иницијатива. Ама добро, сфатливо, сепак уште е почеток на сезона и комплетниот тим само две недели има заедно тренирано.

Во второ одма притиснаа и се виде уште после 5 минути дека ќе тепаме. Почнаа да создаваат конкретни акции и дојде и голот. Добри знаци има во првиве два натпревари, мислам дека можеме да бидеме оптимистични за кога ќе влезат сите во форма.

Фабрегас не беше толку впечатлив како против Барнли, ама беше осетливо неговото присуство и си забележа и уште една асистенција. Коста пак со гол. Нека си дава вака по еден секое коло и супер ќе биде. Какви се головите, воопшто не е битно. Тоа е тоа што се очекува од напаѓач.
Бане овие два натпревари е феноменален и тешко дека ќе може Мурињо да го мења. Ако не игра десно, тогаш централно. Битно да е на терен. Хазард со супер гол во негов стил. Се гледа дека нема толку притисок сега врз него, а тоа само ќе му помогне. Само во прво полувреме, кое беше лошо, имаше креирано 5 шанси.

За крај
Коста - 2 натпревари, 2 гола
Фабрегас - 2 натпревари, 3 асистенции

Повеќе не може да се очекува :)
 
Чекај, од кај Фабрегас пак асистенција? :D Му подаде на Азар за голот? :pos:
 
@Донев требаше од Ева на крај да ставиш слика :P
BvvB_ouIAAAz8Ji.jpg
 
Како заборавив...
Куртоа одличен и сега и понеделникот :cuc:
 
^^ 2-тo dat.jpg

И сакам да го прашам газдата која песна вртеше на цедињата... :D
Во врска со утакмицата, лошо прво полувреме нема многу да го коментирам ама затоа второто полувреме започна одлично со неколку одлични шанси што беа увертира на голот на Коста. За Куртоа можам само :cuc: одличен беше. Ивановиќ одличен на оваа утакмица, само нека продолжи така, дефанзивец а покорисен од некои напаѓачи во напад.
 
После изиграните два натпревари на Куртоа, мислам дека е редно време да се збогуваме со Чех, пошто два такви исклучителни голмани не треба да се расправаат за прв голман. Треба да се избере младоста, Чех е одличен, ама има 32, уште 5 години најмногу играње, додека пак пред Куртоа има уште 15.
Денеска не е дека Челзи го играше слабо првото полувреме, Лестер докажаа дека не се некоја бош наивна екипа, потребна беше паузата на полувреме, за да во второ стиснат гас и ги решат. Но, мене најклимав дел од тимот сега за сега ми е одбраната некако :unsure:
 
послаб беше вчера Цеск, за малку и гол ќе примевме поради него ама куртафо е закон голман, се надевам дека ќе ми влева сигурност како чех во првите 2 сезони кога примаше по 15 гола во сезона
 
Вчера Бане најбољи, тенк прав и у напад и у одбрана. Бане едноставно не смеат да го чепкаат за десен бек. Абрамович како се радуваше како детенце.:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom