Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Никој не го стави

Гери Невил да не ќе го коментира ревашот ? Тоа е право доживување, баш сакам кога се внесуваат коментатори во натпреварот ала Игорче :D
 
Рамче суспендиран на 4 натпревари - до крајот на сезоната.
Против Мурињо и Фариа покренета постапка - не коментирам ништо се навикнавме на ФА.

Како демек оправувањето на Тери одело во добра насока т.с имало шанси да се врати за реваншот. Ева :love:



Малиов ветува многу. Да се вклучи во тимот наредната сезона уште му е рано, ама за 2-3 сезони сакам да го видам на место на Оскар. Хазард..........Т. Хазард.........Салах :cuc:
 
А стварно никој не спомна што испадна со судијата. Казнет е нешто или има добиено зголемување на платата ?
 
Баш сакам со млади да играме и да изгинат на терен и да тепат

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Рамирес и си заслужи таков бан. Најголем сељак, копач, гнида од играч. Не ми се верува дека сеуште игра во Челзи. Тотален идиот, со вакви негови потези еве колку е добар, кога највеќе треба тој прави глупост да му ебам црната лејка мутава. Се надевам дека на Мурињо ќе го излепрша од тимот.
 
Сакам Бејкер да добие шанса, за младиве растура дечкото нека се проба и кај старциве, сега е моментот.:D
Има голем потенциал ама се уште е млад. Му треба калење уште 3 сезони, една со младиците и 2 по позајмици.

Нареднава сезона Мекехрен мора да е со тимот цела сезона. За почеток тренинг со момците и некоја солидна минутажа како Микел сезонава, па полека од сезона во сезона да се зголемува.
Чалоба наредна да се позајми во некој тим од пл каде ќе има гарантирано место како дм, па после тоа да се убаци со првиот тим.

Времето на транзиција заврши, клубот се стабилизираше. Еве почна да се почитува правилото на фер плеј, мислам дека конечно се створија услови каде што секоја сезона можеме да промовираме по еден млад играч.
Клубот располага со огромни таленти во младинскиот погон, впрочем тоа го покажуваат и резултатите. Па покрај толку талентирани играчи ако не успееме во наредните 5 сезони да пласираме најмалце 3 младинци во првиот тим, стварно ќе е срамно.
 
Еве почна да се почитува правилото на фер плеј

Точно еве од Февруари до сега немаме ниеден играч купено и тоа е доказ дека нема да купуваме играчи што не ни требаат (y)
 
Рамирес и си заслужи таков бан. Најголем сељак, копач, гнида од играч. Не ми се верува дека сеуште игра во Челзи. Тотален идиот, со вакви негови потези еве колку е добар, кога највеќе треба тој прави глупост да му ебам црната лејка мутава. Се надевам дека на Мурињо ќе го излепрша од тимот.
Сега ќе јадеш критика. :icon_mrgr:
Рамирес е добар играч, перфектен за системот на Мурињо.
Може да трча 120 мин без престан, непредвидилив од никаде може да извади некој шпринт и за секунда да се најде во гол шанса. Технички е солидно поткован за дм позиција.
Сезонава е 100 % надвор од форма, ама сети се што правеше сезоната кога освоивме лш. Какви партии имаше таму, практично беше невозможно да се помине покрај него и во офанзивата даде добар придонес.

Е сега општо познат е проблемот со Бразилците и неговиот менталитет. Ретко кој успеал да направи долга кариера како Гигс, Лампард, Џерард.
Ќе играат 3-4 сезони на врвно ниво и толко. Многу лесно ја губат желбата за фудбал на највисоко ниво, поготово во пл.
Во моментов ми текнува на Сандро, Андерсон, Жо, па донекаде случај е и со Рафаел.

Конкретно да правиме муабет за нашиве Луиз, Оскар, Рамче.

За Рамче пишавме, Луиз имаше перфектна партија против Манчестер (неколку партии пред и после тоа - врвот на неговата форма од како е тука. ) После тоа почна да се однесува незрело, неконцентрирано.
Оскар сезонава првите 6 месеци беше незаменлив, ми се чини да го имавме Иниеста во тимот, со таа форма ќе успеше да го седне на клупа. После трансферот на Мата буквално застана, не одигра ама баш ништо (исклучок Арсенал).
Поента ми е дека многу се трудат додека да се пробијат во првиот тим, е откако ќе успеат и ќе забележат сезона- две добри игри после тоа ги снемува.[DOUBLEPOST=1398378842][/DOUBLEPOST]
Точно еве од Февруари до сега немаме ниеден играч купено и тоа е доказ дека нема да купуваме играчи што не ни требаат (y)
Знам дека постов ти е саркастичен ама ај ќе одговорам.
Ги продадовме Мата и Брујн, тие пари ги искористивме за трансфер на Салах и Матич.
Трошевме ама не од џебот на Роман. :)
 
Кружи муабет дека Аспи добил нов договор. (y)

Еден од ретките во Челзи кои почнале со мала плата и заслужиле покачување.


Може, ама немора да значи. :)
Ако успеат да си ја вратат формата од порано и константно да се во неа, заслужуваат место во составот.
Ама до сега поблиску се до излезна врата од што до место во тимот. :)

Ама има време имаат 1 или 2 големи утакмици каде можат да не демантираат.

Само немој Торес да ни удари демант, тогаш ќе биде гадно. :icon_mrgr:
 
Со гаранција ќе ги пецне овие од ФА

Олади сеа 4 натпревари !!!
 
Сакам Ван Гинкел и Матич да видам како би функционирале заедно во средина.
Иначе би требало стварно од наредна сезона да се почне со повеќе фокус кон младинците. Мурињо рече дека би требало на лето да го склопи тимот кој го посакува, па затоа мислам дека откако ќе го има тоа што го сака ќе може многу повеќе да се посвети и на младите. Нема сигурно да фатат редовно место во прв тим, ама може повремено да добиваат шанса.
Од овие што ги имаме моментално и јас колку што имам гледано, мислам дека Аке, Кристенсен, Бејкер, Лофтус Чик и Бамфорд имаат шанси да се пробијат и да направат успешна кариера. Секако тука е и Чалоба, а и Омеруо, а за МекЕхран изгубив некако надеж. Мислам дека нема доволно напредок последниве две години за да можеме да очекуваме нешто повеќе.
Во секој случај, имаме многу квалитетни млади играчи. Еве во лигата се први овие под 21, тие под 18 си го направија нивни ФА купот, мислам трето финале по ред дека ќе играат. Две сезони веќе се игра и во Европа. Лани до финале се стигна, оваа сезона имаше доста импресивни перформанси.
Верувам дека ќе се подобри ситуацијата наредниве години и ќе почне Челзи да вади играчи од својата академија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom