Гледам повеќето мислат дека имаме лесен распоред до крајот.... хм не би се сложил.
Повеќето утакмици ни се со екипи кои се борат грчевито за опстанок, а таквите утакмици се доживуваат како финале од Фа куп.
Гостување кај А. Вила: 6 бода над зоната за испаѓање, секогаш незгодна за нас.
Дома со Арсенал: Многу битна утакмица пред се за нив, од таа утакмица ќе се знае дали се во борба за титула или не. Мало финале за нив.
Гости со К. Палас: Тони Пулис според мене еден од најквалитетните менаџери во лига. Ги препороди стил и желба како Стоук претходните сезони. Дома ненормално многу мотивирани на секого можат да му скинат бодови. 2 бода над зоната за испаѓање.
Дома Стоук: Утакмица која треба релативно лесно да ја добиеме, но многу лесно може да се повтори сценариото од В. Хем. 6 бода над зоната за испаѓање.
Гости Свониси. 4 бода над зоната за испаѓање.
Нема што да се коментира за нив, можеби сезонава не се во форма, но се крајно незгоден противник.
Дома со Сандерленд: Уште една екипа која се бори за опстанок, 19 позиција. Ако на некој му треба бодови тоа е тимот на Појет.
Гости со Лфц: Да бидам искрен тука рачунам пораз.
Дома Норвич: Уште еден тим кој се бори за опстанок, 4 бода над опасната зона.
Со оглед дека е играме 37 коло ако вака стојат работите екипа која се би дала за бодови.
Гости со Кариф. Мој фаворит за испаѓање од лигата... но ако е тесна разликата тоа за нив ќе биде како финале од лш.
Моментално повеќе би прифатил да играме со екипи како Шотон, Тотенхем или Евертон кои се во горниот дел на табелта од што овие екипи кои се дел од опасната зона.