38 ебани шутови и да не постигнеш гол. Па да ти се мочам во професионалците.
Истата приказна како на почеток од сезона. Спори, безидејни. Тупење до немајкаде. Оскар можеби е борбен, голем работник, добар шутер, но никогаш нема да биде плејмејкер како Мата. А, за вакви натпревари копиљот шпански и те како фалеше.
Хазард, Рибери во една прилика му кажал дека ако сака да биде најдобар, ќе мора да подобри некои сегменти од играта. Како на пример кога ќе ја добие топката, да не го чека дефанзивецот да се врати назад, па да се дрибла со него. Или пак да прави егзибиции во шеснаесетник, додека бркаме ебан резултат.
Вилиан демек десно крило, цела утакмица ја преседа до Оскар во средината. Од десна страна бевме очајни.
Измените од Мурињо беа за греота. Матиќ и Лампард, а се трудиш да победиш и да дадеш гол. Лампард ги заеба сите можни шутови и акции откако влезе. И на крај шлаг на тортата, од два метри во голманот шутна.
Напаѓачите... Ето даде хет-три со Манчестер, ама да не се залажуваме. Значи молам Бога, да купиме некој НОРМАЛЕН напаѓач, кој ќе може да создаде сам шанса, да издрибла, да додаде, да се пикне помеѓу дефанзивците и да постигне ЕБАН ГОЛ! Ако треба ќе го продадам станов, ќе ги донирам сите пари и ќе помогнам колку што можам. 100 милиони, 100 милиони. Сакам Суарез во тимот, сакам ебан Ван Перси во тимот, сакам ебан Ибрахимовиќ во тимот. Не можам повеќе да ги гледам Ба, Ето и Торес. Не можам, ми создаваат нервоза и фрустрација.
Додека Сити ги испраќа од Етихад со по 6-7 гола ваквите бош екипи, ние не можеме да им дадеме гол. Прво ВБА, сега Вест Хем. Епа шампион со вакви киксови не се станува. Наместо да ги стигнеме Арсенал и да им дишеме во врат на Сити, сега постои можност Арсенал да ни избега 5, а Сити 6 бода. Богами како што се силни вториве сезонава, не очекувам ништо повеќе од пораз во понеделник.
Какво фрустрирачко издание, мајко моја. 38, 38 шутови во 90 минути! Колективно во Темза, да ви ги ебе жените Демба Ба. Ако е способен да го направи и тоа.