Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто да ти се глупи ваквите статистики?
Добро ајде, може јас нема да ти докажам, ама ќе докаже времето дека Оскар е далеку од добар за оваа позиција што сега ја игра во Челзи. Настрана головите.. тие сега дошле, што незначи дека ќе дојдат пак. Човекот е #1 играч според позиција кој треба да ги „храни“ сите други, вклучувајќи го и Торес, кој можеби ако добие повеќе топки, можеби ќе дава и повеќе голови?
0 асистенции. Декември сме веќе. Играш во Челзи. Мата ти е замена.
И не е само Торес, да не се фаќаме за Торес.. незнам зошто се збори за таа негова дефанзива и колку тоа му е добра, кога нападот ви е очаен? А, сега искрено и сфаќам зошто. Џабе головите, пак ќе кажам.
Барем ако ништо друго, Вас сум ве гледал, ради брат ми.. последниве години и можеше од далеку да се види, поготово онаа поврзаност со Мата и Хазард.. настрана и тоа, дечкото везеше, плетеше и спајаше средина со напад цели 2 год. многу успешно. Стварно не би гледал причина зошто Оскар би го играл во прв тим, освен Мурињо, кој до сега освен за дефанзивата, за ништо друго го немам разбрано.
Статистиката знае да лаже. Уделот во играта и влијанието повеќе се гледаат. Пример, Иниеста. Статистички нема многу голови и асистенции, ама е генијалец.
Инаку, солиден е Оскар на таа позиција, ама не подобар од Мата. Може да играат и двајцата и те како. Оскар подлабоко, со Рамирес или Микел, Мата таму каде што најдобро знае.
Ете баш добро што со тебе дискутирам. Ремзи и Вилшер се во таа задна линија кај Арсенал, некогаш и Артета, ниту еден од нив не е деструктивец. Па на Арсенал добро му оди. Не знам зошто Оскар не игра со еден од овие што ги наведов, не е премногу офанзивно, не е ни премногу дефанзивно. Зошто мора да играат Лампард/Микел и Рамирес во прв состав заедно, не ми е јасно. Особено не против на хартија послаби тимови. Ајде против Баерн, повнимателно, подефанзивно, до некаде разбирам. Ама секој натпревар, а гледаш дека не оди...
Арсенал и Челзи дефинитивно имаат различен склоп во „глава“ што се однесува до поставеноста, тактиката и се друго. Да не збориме за менаџерите посебно. Али, од друга страна те разбирам и знам дека ние не сме и неможеме да бидеме фудбалски попаметни од Мурињо, али неможам стварно да го сфатам со која интензивност го троши Лампард.
Од друга страна рака на срце, според мене го имате најкомплетниот состав во Англија, а и меѓу повеќето во Европа. Сфаќам каков е Мурињо и каква игра води во секоја од неговите екипи. Се ми е јасно.. ама исто толку сум сигурен, дека самиот тој ќе промени доста во Челзи, за да дое до она што го посакува. Колку сакате смејте ми се, ама мене минатите 2 год. иако имавте и многу мизерни утакмици, ми беше по мерак да го гледам Челзи, отколку сега. Сеа пак ќе се избаци некој со Мурињо. Да, ама за мене форсирањето на Лампард и неиграњето на Мата, кој е далеку повеќе „поврзан“ со сите играчи околу него отколу Оскар е главна причина зошто Челзи игра мизерно во нападот. Пак ќе кажам.. мизерно. Немојте сеа да мислите дека моиве дека се поарни годинава, па се пувам, туку стварно.. Челзи, ги следам исто колку и Арсенал со години. Можеби некој 10% помалце.
Кога сме кај статистиката. Остајте го Иниеста. Иниеста може ако сака да седне и да се напие кафе, има кој да подаде. Во Челзи нема. Во ниеден англиски тим нема. Се знае кој треба да подаде, кој треба да креира нешто, од ништо. Да биде алфа и омега. За Англија, за #10 позиција можеме да збориме цела недела, јас никако нема да можам да ве сфатам дека статистиката треба да ја тргнеме на страна. 0 асистенции, блед напад итн. мене се ми кажува. Ако ништо друго, барем гледате и Вие, нема да се правиме луди.
На крајот, можеби грешам.. ќе си признаам грешка, ако Мурињо ме увери во тоа. Сепак сметам дека играч од калибарот на Мата би играл во прв тим, во СЕКОЈ тим на планетава, а „вие“ го „ставате“ на клупа и како ништо да не било. Да не замарам многу. Мата > Оскар. Премногу.
Кој не го гледал еве линк:Od 20:30 ima An audience with Hazard, Ba and Kevin na celzi tv