Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Тери е стар,Луиз киксира,Бане ќе треба да го игра секој меч сезонава меѓу десен бек и централен дефанзивец што би се рекло кај и да е ќе се повреди, за некоја година и Кејхил ќе отупе а Калаш дур не изигра натпревар не го ни рачунам.

Во моментов не ни треба ама од година или таа по тоа и те како ќе ни треба.

Змејски не зафркавај, сети се како го препороди Мурињо Лусио, зошто да неможе да го среди Тери.
И јас мислам дека одбраната ни е тмн, само да се рачуна уште на еден млад дефанзивец како Калаш, Брума, Чалоба.
Само што Калаш во Твенте ми се чини дека играше како десен бек, а Чалоба деструктор. Брума викате отишол во Холаднија.
Најубаво е да им се даде шанса на подготовките на сите, па ќе видиме кој најдобро ќе се покаже тој нека остане.
Само ќе бидеме малку тенки на левата страна заради Бертран, али ништо чудно Мурињо и него да го среди.
Шо е премногу млад да се купува, нека остане таму уште 2 сезони па после може да се рачуна на него. Само не ќе биде лошо да се потпише со него некој преддоговор бидејќи сепак не сме само ние заинтересирани за него.
 
Змејски не зафркавај, сети се како го препороди Мурињо Лусио, зошто да неможе да го среди Тери.

Зошто за разлика од тоа што повеќето мислат дека е, Мурињо всушност и не е Господ и не може да подмладува луѓе. Не викам дека Тери нема сезонава да ја изигра солдино ама ќе дојде време кога ќе стане редовен посетител на клупата а тоа време ќе дојде релативно брзо така да ќе треба да се мисли на иднината :)
 
Зошто за разлика од тоа што повеќето мислат дека е, Мурињо всушност и не е Господ и не може да подмладува луѓе. Не викам дека Тери нема сезонава да ја изигра солдино ама ќе дојде време кога ќе стане редовен посетител на клупата а тоа време ќе дојде релативно брзо така да ќе треба да се мисли на иднината :)

Фала богу, али сепак има уште фудбал во Тери, минимум уште 2 сезони. За подмладување тука е Луиз, Кехил, еве го и Чалоба покажа талент.
На крајот па може за 2, 3 сезони и да се земе некој дефанзивец нема да е проблем, али сега за сега мислам дека нема потреба.
Највеќе треба играчите да се средат тактичи и ментално.
Минатата сезона многу пати не знаевме што со топката ,или Луиз ја бунареше напред или се кружеше безидејно околу шеснаестеникот.
Колку само гола примивме задните 10, 15 мин, не знаевме да се организираме убаво во одбрана, и да го чуваме резултатот.
Според мене Мурињо треба да поработи на тие работи, од што да се фрља пак енормно голема сума на пари на купување нови играчи.
Играчите се добри има баланс на тимот, е само можеби треба да се земе Де Роси за некоја сума од 15м и тоа е тоа.
 
BPHuIWmCcAAE09A.jpg:large
 
Ги чекаме припремните... :)

Уште само 2 дена останаа, незнам за вас ама на мене некако многу брзо ми помина паузата.

Ова со враќањето на Дрогба (доколку е точно), мислам дека нема потреба. Доволно направи за Челзи, си стави точка кога беше најдобар и така ќе остане во меморија на сите фанови.
Веќе е и во сериозни годнини за фудбал на највисоко ниво, така да ќе добива мала минутажа и ќе биде резерва.
Сега е времето да покаже дали заслужува Лукаку да го носи прекарот „новиот Дрогба“.
Па таму за 3,4 сезони го сакам назад со некоја улога на трењер во Челзи.

Мозес има добра градба и квалитети за крило, само ептен е тактички незрел. Влегува во дуели како нема потреба и прави непродуктивни потези.
Да поработи малку на шут и центаршут и да се спреми тактички ќе има фудбал, секако не како Хазард ама некоја средна класа од играч ќе биде.
 
Сабајлево за 3 саати се распродадени сите карти за против Хал.
 
^ 2 саати :icon_mrgr:

Ама добро тоа е кога имаш противник како Ху(а)л па сите се тепат да го видат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom