Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како бе не е? Мене не ме интересира што е Милито. Мене ме интересира дека еден главојна се мисли дека е којзнај какво играчиште, а „паѓа“ на најобична финта ко мало дете.Не викам дека не погрешил Тери ама онака баш груба грешка не е, она со Саха веќе беше грешка. Овде имаше и доста добар потег од Милито кој знае онака со тело да прати играч на погрешна страна. Милито е убиец, толку му треба.
Настрана тоа, јас кога викав Цезар ако не брани ќе биде голем хендикеп за нас мислам дека ти викаше дека не било многу важно. Сега некако со Чех...Во секој случај, ние и на Стемфорд нема да се изнашутираме на гол а Чех и онака не се изнабрани на Меаца...
Мене лично не ме плаши тоа дали ќе ви игра Есиен зошто и со него и без него, средината е ваша. Како ќе ја пробиете одбраната е проблемот. Гледам дека сте презадоволни од играта и тоа си е ваше и ОК е. Кога Интер би загубил 2-1, јас не би бил задоволен од тоа што напаѓачите шутнале 3-4 пати од 30 метри и направиле едвај 1-2 вистински шанси за гол. Едноставно немавте доволно конкретни шанси и ако биде пак така во реваншот, не е проблем за нас.
Сакам да кажам дека колку што сте вие убедени дека сте биле надмоќни, толку и ние, познавајќи си го клубот, се чувствувавме безбедно и самоуверено. Затоа што имаме видено еден куп онакви натпревари во кои противникот се обидува нешто цело време, ама нема ништо конкретно.
Против Сити,Стоук и Вест Хем ќе брани еден и единствен Хиларио!:champion:
Не мене, другиве. Јас мислам оти генерално, околу Челзи, мислиш слично ко мене. Само работава е, не е до мислење, сите ГЛЕДАВМЕ што се случуваше, само секој со различни перцепции. Јас за жал, се држам до реалната.Јас само за конкретната ситуација кажав. Ти си ги знаеш играчите на Челзи како јас што ги знам на Интер, нема што да те премислувам. Јас додуша и пишав пред натпреварот некое време дека Тери ви е во аут последно време, ама викавте дека е ѕвер невиден и дека никој нема да го помине (во тој стил нешто).
Иначе ви посакувам Чех да се врати навреме има некои 3 недели до тогаш. Иако мислам дека нема да е пресудно, друго е, прв голман значи стабилност и се тоа...
Не е купен, „собран“, го нејќеле.Не ли купивте еден млад голман од Мидлзбро летово, беше резервен таму??? Не ми текнува се викаше
Здрав и жив е тој?
Трнбал е ист како Јане Николоски..
Крај краева Јане е за нијанса боље.
Не е купен, „собран“, го нејќеле.
Здрав и жив е, здебелен од пиво на трибините.
Па 23-24 години за голман не се многу, шо го знам што работи, можи еден ден и да проработи, иако мислам дека нема рефлекси ко што треба да има за да брани за Челзи. Можеби квалитетен втор голман за 2 години.Ја мислев овој е некој талент штом го земале Челзи на млади години. :kesa:
Фала на одговор.
Тери нема право појќе да биди вон форма, тоа е толку едноставно. Европски клупски и светски со репрезентација шампион - со низа од лоши натпревари? Не, не, ако има други поинтересни работи вон терен, комотно шише в глава и „предвремен одмор“. Само нема кој да напрај такво нешто, ни Абрамович не се осуди да го стреси. Колку тоа ми смета, ама ај да не те замарам со такви работи сега.Не се сеќавам ама со сите со кои зборував и надвор од форумов запнуваа дека Тери е најдобар дефанзивец на светов и слични приказни... Сега никој не вика дека Тери е лош, само е вон форма. Ама го гледаше некој Лусио? Ремек - дело од натпревар. Иако имаше и доста други сезонава на слично ниво, само не одекнаа многу силно зошто не играше против Дрогба и слични. Со онаква одбрана би играл против кој било па шта буде....
Сега ќе дадеме и поголем отпор во средината, Занети се враќа таму, Пандев ако игра повеќе ќе помага во средината отколку што ќе игра напад итн... Но сепак ќе доминирате таму, не е спорно.
Според мене, ќе имаат по неколку шанси и едните и другите, Челзи би требало нешто повеќе, па кој ќе биде поубиствен ќе оди понатаму. Промашувања како Лампард и Ето од 5-6 метри... сега не зборуваме многу за нив ама на реваншот ќе бидат кобни.
Нека му е честито.Прочитавте инаку денес дека Вејн Бриџ се откажа од репрезентација?
Не ли купивте еден млад голман од Мидлзбро летово, беше резервен таму??? Не ми текнува се викаше
Здрав и жив е тој?