Фино полувреме!
Распалија црнциве..само уште еден црнец сакам да погоди..Дани
Очекувам да влезе Борини или Матич и Брума..младите да се испробаат,барем во куповиве.
-=- Highlits од првото полувреме на натпреварот -=-
Text highlights од првото полувреме од натпреварот
Челзи 2 - 0 Болтон
Како тренинг им е натпреваров на дечките. 11 минута, еве акцијава супер протечи но не заврши очекувано.. со гол.
Поседот на топката е скоро целосно наш, едвај ја минат нашата половина засега. Пу да не подречам.
=13.00 мин=
Нема пенал при тушкање на Стариџ во 16ник. Џо Кол е одличен, супер за него, и за нас, нормално. Калу се лизга низ теренов xD, погрешил спорт.
=14.30 мин=ГОЛ - КАЛУУУ го подреков. Браво и супер асистенција на Фереира.
=15.30 мин= мала грешка во одбраната на Челзи, скоро и да не израмнија. Хиларио лежи на земја, очигледно.. Со глава ја одбрани бомбава. Ауч. Се надевам ништо посериозно.
...
Покажаа Болтон заби за минутка. По неколку слободни удари, резултатот непроменет 1 - 0. Болтон се во напад
....
Слободен удар за Болтон, лесна топка за Хиларио.
....
Тече акцијата на Калу | 20 минута, добар шут, но само во рацете на гостинскиот голман.
....
Хиларио паѓа, очигледно не е во ред. Трчаат лекарите да го прегледаат. Трнбл се спрема да влези на местото на Хиларио. Аплаузи за Хиларио и за Трнбл.
....
Челзи во напад од контра, Калу дрибла во шеснаесетник, и изнудува корнер. 24:27 минута добра топка од Деко, но ништо од тоа. Челзи повторно во напад.
=26 мин=ГООЛ - МАЛУДАА! Браво, по кратко подавање на Калу, Малуда на малку смешен начин ја внесува топката во мрежата на Болтон!!!
....
Прикажуваат инсерти од мајсториите на Џо Кол. Браво царе!
....
Акцијата тече полека, додавања, дриблинзи и не толку конкретни напади во овие 2-3 минути. Инаку да напоменам, Балак е денес капитен .
....
Корнер за Челзи, боксува голманот на Болтон, Џо Кол во ситуација да шутира... и ја одземаат играчите на Болтон топката.
....
Шанса за трет гол, на Стариџ, само во ногата на одбранбениот играч на Болтон, 33 минута 53 секунда.
....
Убава акција на Челзи 36 минута... висока топка.... и само аут за Болтон.
....
Калу не искористува добра шанса, но сеедно, колку повеќе шанси, толку повеќе голви. Една мора да влезе:pos2: 38 минута.
42 минута, мал кикс на одбраната на Челзи, после изведениот аут, Трнбл ја прифаќа топката и завршува акцијатана Болтон.
....
4 минути продолжение, оправдани после прегледот и повредата на Хиларио.
....
Лошо додавање на Балак. Топка за голманот на Болтон.
....
Нема слободен од фаул врз Малуда, голема грешка на судијата.
----------------- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ---------------
... Добро прво полувреме, супер резултат за нас, поседот сигурно е наш, играчите се посебно разиграни вечерва. Повеќе акции, многу додавања и многу трикови, мајстории од ѕверовите.
Браво за Џо Кол за неговиот голем придонес во натпреваров. Браво за момците. Ајде да гледаме супер второ полувреме исто така. За тоа нема да можам да пишувам празна е батеријава на лаптопов, и нема да најдам време. Ако се нафати некој слободно.
Инаку може да не е ОК текстов, нема врска, само сакав да придонесам малку и за оние кои не можат, за жал да го гледаат натпреварот. Колку толку...
Целовкупно сум задоволен од екипата. Само Стариџ ми делува некако не спремано. И еве глеам сеа замени Есиен у игра, а мислам дека треба Анчелоти да им даде шанса на помладите.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.