Не, не го згрешив. Точно знам што и каде пишувам. Само да ве прашам нешто и искрено да ми одговорите:
Што очекувате од фановите на противничките клубови (посебно ривалите за титулата) кога вашиот тим губи, а нивниот (во случајот-мојов) победува и ве престигнува на табелата? Дали моето “ракоплескање“ не е една сосема природна и очекувана реакција. Што сакате, можеби да тагувам заедно со вас? Тоа е убавината на ривалството во фудбалот. Да се смееш на поразите на противникот, но и тие да се смеат на поразите на твојот тим. Сигурно имате другари, роднини и пријатели кои не навиваат за вашиот тим или уште полошо навиваат за најголемиот ваш ривал. И што? Нема ли другиот ден кога ќе се сретнете да ве зафркаваат и слично. А потоа по недела-две се случува обратната ситуација и вие им го правите истото. Може некој да ги забрани? НЕ! Може некој вас да ве забрани? НЕ! Бидете малце ведри и расположени мајка му! Па не сте вие сопственик на клубот или акционер па да ве боли толку после секој пораз оти ви се намалува добивката и слично. Ако толку не сакате некој ривал да ви пишува во фан-клубот нека направат админите да се влегува преку username и password и завршена работа. Сами ќе си славите кога ќе победувате и сами ќе си тажите кога ќе губите.
П.С. И мене не ми беше сеедно што Челзи загуби пошто ја имав 2 и ме заеба за 1000 ден., али утешна награда ми е што Манчестер победи па испаѓа дека 50 ден. што ги платив беа за Манчестер да се искачи на првото место. Зарем вас ви е подобро да добиете 1000 ден. или вашиот тим да се искачи на првото место на табелата, а не е ни пола од сезоната со уште многу натпревари до крајот?
Ајде :helou: и среќно понатаму. Верувам дека до крај и ние и вие ќе се бориме за титулата пошто Арсенал и Ливерпул не ги сметам за конкуренција. Па подобриот нека победи и НЕКА ГО ЗАЕБАВА ДРУГИОТ!