Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секој играч да си замине, дур е Клоп тука клубот ќе има успех. Договорот му е до 2016, добри години следуваат![]()
Но и не значи дека ќе го испочитува договоротали секоја чест ако го направи тоа
![]()
Па не знам, поред тоа што го кажа повеќе пати убеден сум дека минимално до 2016 ќе остане во клубот. Секојпат кога е прашан за тоа вика дека почитува договори, дека ако не би останал до тогаш не би подпишал договори до тогаш. Знам ова ко ќе го читаш е ко некоја флоскула од некој фудбалер ама Клоп е страшно сериозен во тоа. Тој упорно и веродостојно кажа дека минимално до 2016 ќе остане. Сепак тоа се уште 3 години, долго за тренер. И челниците на клубот, Клоп и Вацке, кој имаат исто така мислам договор до тогаш кажаа повеќе пати дека никојпат нема да го одпуштат Клоп. Посебно Вацке, секој втор интервју тоа го кажува. Ако гледаме така, Клоп минимум 10 години ќе протурка во Дортмунд, минимум. А што му фали ера да направи како Фергусон.![]()
Баш ќе видиме дали ќе си стои на кажаното
Само да не станете како Арсенал, кои имаат тренер (Венгер) кој создава квалитетни играчи (истото и Клоп го прави) и да ги продава, само да не одите по тој пат и вие, но сепак не верувам дека тоа ќе се случии со вас, сепак и Вацке е тука.
Па не зман, споредбата со Арценал е ок, ама позадината е друга. Тие имаат колку што знам инвеститор кој сака пари, Дортмунд е фудбаслки клуб кој сака успеси. Дортмунд сега де факто е без долгови и не ќе отвараат банка? Кај ќе одат парите иначе? Со Лева ќе биде интересно, ако не даде друг клуб солидна пара може и до 2014 да остане и со тоа клубот покажува дека спортскиот успех е над парите.
Баш ме интересира и за Хумелс и Суботич како планираат, во Дортмунд или некој друг клуб? Е мислам дека тука е клучно и овие двајца покрај Ројс и Гетце да ги задржите, па за такви како Лева што ќе си заминат и не е страшно.