Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно е договорен Арда Гулер од Фенербахче. Откупната клаузула му е 17.5 милиони, али целиот трансфер со провизии би изнесувал околу 25, на две рати ќе го исплатиме, оваа сезона и другата со тоа што би дошол кај нас следното лето, оваа година ќе остане на позајмица.

Роке исто ќе се договори неделава што следува.

Наводно Феенорд е заинтересиран за Араухо, десниот бек што го земавме зимово, да го донесат на позајмица. Тоа би било ок.
 
Излегоа некои шпекулации за позајмица на Нејмар, али се преку некои сомнителни извори.

Наводно има договор помеѓу клубовите само уште платата да се договорат како ќе му ја плаќат. Барса барале само 30% да плаќат. :pos:

На Нејмар му протестираат пред домот навивачите, имало и запалени автомобили на истата улица али тоа е од протестите шо се дешаваат деновите.
 
Први знаци на сенилност се ова. Човекот не е ни 30% од тоа што беше во минатите мандати.

Screenshot_20230703_214011_Facebook.jpg
 
Ќе дадат 10 милиони на 32 годишниот Ромеу од Џирона, а не сакаа 18 за Брозович.

Стварно не разбирам.
 
Ќе дадат 10 милиони на 32 годишниот Ромеу од Џирона, а не сакаа 18 за Брозович.

Стварно не разбирам.
Не беше платата кај Брозо најголем проблем? Зема сигурно х 3-4 од тоа што Барса можела или планирала да му понуди.
 
Ќе дадат 10 милиони на 32 годишниот Ромеу од Џирона, а не сакаа 18 за Брозович.

Стварно не разбирам.

Лапорта не ги прави тие храбри одлуки кои ги правеше порано за да го трансформира клубот.

Ова е истиот човекот што во 2008 го продаде Роналдињо тогаш најдобриот играч во клубот, за шанса да добива Меси. Во 2009 го продаде Ето. Во 2011 го шитна Ибрахимович само 2 сезони откако го купи. Кога чкрипеше, реагираше.

Сега неможе да повлече линија и да каже НЕ на ликови како Торес, Фати и Рафиња. Океј нема пари толку сега, али да ги продаде ќе бара друга алтернатива кога гледаш дека овие не се ни просек. Нема потреба за друга шанса за да ти го потврдат истото.
 
Не беше платата кај Брозо најголем проблем? Зема сигурно х 3-4 од тоа што Барса можела или планирала да му понуди.
Сите информации викаат дека прва oпција на Брозо била Барса, платата не била проблем, се одолговлекуваше трансферот за да собере Барса пари, ама на крај искочи дека не можат да му гарантираат, тоа го потврди и Лапорта во интервју, и нормално овој си отиде за 30 милиони годишно.
 
Наводно Чави го убедил Кунде и сезонава да игра десен бек.
После трансферот на Роке, останува уште Ромеу за ДМ и тоа би било тоа.

Заинтересирани сме за Фреснеда од Ваљадолид, ама ваљда не го планираат за прва постава, детето има 18 год.
И се надевам ќе излеземе како победници за Арда Гилар од Фенер.
 
Најновите информации викаат дека Реал не превари за Гилар. Покрај откупната клаузула, понудиле плус 20% од нареден трансфер.

Јбг, неаме пари да се носиме.
 
Многу галама за вакви 18 годишни таленти, од 100 само 1 успева. Ни треба инстант успех, 30 годишни докажани играчи со интернационално искуство.
 
Многу галама за вакви 18 годишни таленти, од 100 само 1 успева. Ни треба инстант успех, 30 годишни докажани играчи со интернационално искуство.
Некој како Рафиња :D
 
За кур ни се уште дечишта во тимов, него проблемот е што не можат да се ослободат од никого, па сега ќе донесат нешто со квалитет за Леванте. Фреснеда, Ромеу, Роке и единственото позитивно засилување Гундоган. Мислам вака ќе изгледа и на крај на трансфер рок, исподпросечна работа, бар уште еден класа играч требаше. Добро вика Дел Бој, ни треба некој трансфер ко Левандовски, топ класа за 2-3 сезони, додека траат овие тешки финансиски времиња за клубот.
 
Некој како Рафиња :D

Е шо Рафиња да не го сметаш за класа? Во Лидс играше ликот, али медиумската машинерија го напумпа и најдоа будала како Лапорта да му наплатат таму 70-80 милиони колку беше.

Фирмино, Брозович, Салах, Силва итн, сите тие ќе беа потенцијални мети да не беше клубот на вакво финансиско ниво. А и саудијците оваа сезона направија партали собраа се, да не беа они ќе се појачевме барем ако ништо друго со уште 1 класа играч. Само Гундоган го собравме оти беше без пари и оти не лакомеше по пари, иначе и он ќе одеше СА.

Млади деца само да се развива тоа што ќе излезе од клубот, како Гави, Педри Балде и слични. 20-30 милиони за 18 годишен играч е апсурд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom