Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Денес имало состанок, наводно сакаат да си одат 6 играчи (Ленгле, Дест, Умтити, Коладо, Нико и Кеси), а да се потпишат 4 (Гундоган, Мартинез, бразилчето и ДМ)

Најверојатно десен бек пак Кунде, а Гарсија 4ти штопер, т.е 5ти.
 
Арапите понудиле 20 милиони за Кеси, Барса сака 30. Изгледа ќе падне договор ако сака Кеси да оди таму. Му нудат 10 милиони нето, дупло од тоа шо го зима во Барса.
 

Се спомнува цифра од 100 милиони годишно за да може некој катарски клуб да го користи името Барселона :D

Ситуацијата со Брозович е иста како онаа со Меси. Веќе ја има понудата од Арапите на маса, секој момент може да прифати. Нашиве од друга страна имаат договорено се со него, ама сеуште немаат пратено понуда до Интер.
Нашиве чекаат прво да продадат некој (Кеси) па да дојдат до кеш, па тек потоа ќе пратат понуда до Интер. За да се оствари тоа веројатно ќе треба бргу да дојде до трансфер на Кеси, што не е многу веројатно.
 
Последно уредено:
Глупи се ако не прифатат, веќе има клуб некаде во Јужна Америка шо се вика Барселона со некоја додавка. 100 милки се страшни пари приход за ваква "услуга".
 
Брозович им дал ефна недела на нашиве да се договорат со Интер, во спротивно ќе оди кај арапите.

Кеси ни крив ни дужен ќе го јаде, 20 милиони се ништо пари, не е ни стар и солидрн играч е, ама тоа е цената кога ни ја знаат ситуацијата и плус не беше првотимец.

А тие Тотнем што не сакаат да го земат Ленгле, све да им ебам.

Да не можеш да продадеш играчи еј...
 
Брозович им дал ефна недела на нашиве да се договорат со Интер, во спротивно ќе оди кај арапите.

Коректен услов поставил Брозович, и јас би играл така. Ако не средат за една недела не ни заслужуваат да бидат конкурентни за ваков тип играчи. Нека пазаруваат од Елче.

Иначе некаде прочитав дека 5 милиони евра е проблемот. Интер бара 23, Барса со моменталните услови може да понуди 18. Пари има, али ќе ги прекрши глупите фер-плеј правила.
 
Пари неаме за лек, да не се лажеме.

Алемани мастеркласот е само за купување, лесно е кога имаш пари и кога Барса праќа понуда, сеа треба да се види, да собере некој динар од отпадокот.

Астон Вила загризала за Пау Торес, сеа е моментот да и го увалиме Гарсија, исто млад надежен шпанец да земат. :D

П.С. Брозовиќ мислам дека ќе е последното засилување, Витор Роки сигурно на зимо ќе дојде.
 
Ништо од Брозот, штета. Сега тешко ќе се најде вистински играч за заден везен, ќе направат утка гарант со тие алтернативите што ги спомнуваат.
 
Ориол од Гирона им бил алтернатива. :pos:

Тешки безрбетници се сите, немаат никаков авторитет врз играчите. Да неможеш да продадеш Ферановци и Кесовци, апсурдно.
 
Каде прочита?
Неколку шпански и Фабрицио пишаа дека напредува во преговорите со Ал Наср или како и да беше, му ги прифатиле условите изгледа. Барса нема теорија во скоро време да создаде услови за негово доведување, а него не му се чека.
Автоматски споено мислење:

Еве хир ви го од Фабрицио, то е то.
 
Неколку шпански и Фабрицио пишаа дека напредува во преговорите со Ал Наср или како и да беше, му ги прифатиле условите изгледа. Барса нема теорија во скоро време да создаде услови за негово доведување, а него не му се чека.
Автоматски споено мислење:

Еве хир ви го од Фабрицио, то е то.
Видов... штета.

Е сеа опциите се катастрофа. Буквално катастрофа!
 
Ама за кај брза бе не сфаќам... Ако дојде у Барса ке биде првотимец, нема кој да го измести. Можеше да почека недела дена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom