Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој кај може да се порачи ова али баш истото како на Лева? На официјалниот фан шоп има али не е исто како тоа Лева шо го носи. Сликата е од тренинг така да најверојатно спаѓа во тренинг опрема, го барав во "jackets and sweatshirts" на официјалниот сајт али го нема.

leva.jpg
 
Ter Stegen
Araujo
Sergio
Dembélé
Pedri
Lewandowski
Christensen
Marcos Alonso
Raphinha
Kounde
Gavi

Алонсо и Кристенсен изненадување. Одиме на победа :cool:
 
Има кадар Барса и со победа од Минхен да си оди , ама ке ве кошта средината.
Напред се страшни , ама не играла Барса до сега со тркачки и физички спремна екипа.
Со Бускетс и Гави тешка работа..
 
Баерн без разлика на нивната форма е екипа што никогаш и никако не смее да се потцени јас би бил задоволен и со реми со оглед на тоа дека ова ни е прв посериозен тест оваа сезона.

Околу составот сметам дека Чави можеше да излезе со подобар состав Кунде и Араухо упорно ги играш десно а многу подобро би завршиле работа како тандем централно, Алонсо и Кристијансен не знам дали ќе можат и дали се спремни да се носат со брзиот напад на Баерн. Околу средниот ред Бускец преспор Гави премлад и неискусен за ваков меч.. Дај боже да грешам ама поарно да се стартуваше со Белерин десно, Балде лево а за средината имаше простор и за подобри комбинации Де Јонг и Кесси греат клупа..
 
Од она што го имам гледано, Алонсо е прилично бавен, особено против брзи крила како Мане и Сане, иако Балде не е искусен, мислам дека тој требаше да игра. Де Јонг секако место Гави, Бускетс е пребавен исто за ваков противник, докажано милион пати. Али ајде да видиме.
 
Балде не игра бек туку крило под чави, а покрива на бековска позиција кога тимот е во дефанзива...... Слаб е во одбрана, можеби искуството на алонсо во дуелов е клучно

Некој таму вика гави и буски ќе ги изедат - чави го користи габи да маркира играч цело време кога се во одбрана, исто да пресекува пасови, под чави добива дефанзивни карактеристики малиот...... е за буски тој седи во простор и може да има промаја околу него, но ќе видиме како ќе се одвива мечот
 
Издоминирано прво полувреме, штета за неискористените шанси. Недосуден пенал!
 
Баш денес Левандовски најде да се претвори во Брејвејт. Не му е лесно против неговите да даде гол, ама сепак недопустливо е ова.
 
ај неќеше топката да влези во голот, ама со вар денес да нема вакви пенали, старт во 16тник од позадина на нога, а топката во фор напред и чиста шанса за гол:tapp:
 
Ocekuvano kazneti, klasika. Trebase da pustam 100 evra oti ke go primime.
 
Уште промени треба за да стигниме до нивото на Баерн. Една од нив е Дембеле, може против мали екипи колку толку да е добар, затоа не постои против големите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom