Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на моменталната состојба во клубот, океј трансфер да се протурка до лето.
 
Јас мислам дека Адама го има згрешено спортот :D требало да се бави со атлетика нешто, или евентуално нешто бодибилдинг. :D
Ама поубаво вака, кога немаш високо очекување од некои играчи, па не можат ни да разочараат.
 
Експресно брзо се рашири веста за Траоре кантеранос брз добар дриблер и добро е што доаѓа како со статус некоја си ЗАМЕНА втора постава на некој начин би рекол притисокот би бил помал а и фановите нема да очекуваат нешто Wow.Ќе видиме дали 9-ка ќе земат и лев бек ако уште едно засилување имаме тогаш автоматски од друга страна на лето пак притисокот би бил помал ќе се насочат пред се на заминувањата каде што Енигма се доста играчи: Алвес Дест Депај Роберто Пуџ недефинираната позиција со Кутињо и останати и да се насочат кон Халанд и останатите засилувања ако воопшто ги има.
 
Што му фали на трансферов? Земен за 0 на позајмица,кур ме боли дали ќе се покаже или не.Мислам дека ќе ора по таа десна страна против послаби екипи а на Барса баш тоа и е потребно.
 
физички поспремен играч нема во моментот во тимов од траоре, бар ќе се зацврсти тимот на физички план..... негова работа е да претрчува и се отвора - има кој да му дели топки

сигурно за многу повеќе пари би го платиле њукасл или тотенхем, али мотивираноста да успее во својот омилен клуб е тоа што треба за секој играч да го дава и исполнува максимумот
 
Катастрофа сме. Го кажав тоа уште летото и го кажувам откако дојде Сетиен. Нас ни треба ТРЕНЕРИШТЕ докажано, а не да експерементираме.
Со Валверде ако не друго лаганица си освојувавме дупли круни.
Точно дека претходната управа ни напраи ненормална штета, ама вакви потези ко Траоре не ми се свиѓаат.
Подобро 3 сезони со деца од Ла Масиа кои вредет (Нико, Гави, Балде...) отколку да гледам некои фаци што се за екипи ко Гетафе.
Најмалку едно 10 души би избркал од тимов моментало...
И да, копач ко Кеси ни треба!
 
Има инфо од Орнстајн дека Барса може да го земе Аубамејанг дури и ако не замине Дембеле и на тоа се работи во моментов. Фантастично би било доколку успеат да го изведат ова. Феран, Адама, Аубамејанг ќе биде интересно да се види како би функционирале.
 
Ова со Дембеле поготово изминативе неколку дена кога веќе Официјално се знаеше дека разделба е најдоброто решение мене мие да речам како игра на нерви кој ке попушти? Дембеле и компанија се надеваат дека нашиве ќе попуштат како ајде им треба Дембеле бркаат Лига на шампиони и нема некоја опција друга нема излез.Од друга страна знаат Дембелевци дека управа е во некоја мини паника им треба 9-ка поготово по повредава на Ансу па како ајде ќе попуштат.Се надевам нема да биде како во стилот на Бартомеу:Село без кучиња и да подклекнат на притисоков па ајде да го регистрираме.Ако се настави оваа наречена игра на живци што после 31-ви?На трибини или назад како што рече Чави не е во ред да се праќа на трибини.....Ќе биде интересно....
 
Подобро Обамејанг од Икарди, ќе биде интересно што ќе се издешава на крај. Јас сеуште не верувам дека ќе прифати да замине Дембеле.
 
Од Нејмар - Суарез - Меси, се радуваме на Торес - Обамејанг - Траоре :tapp:

Депај искочи од форма, Агуеро заврши, Фати се повреди, Дембеле ќе си оди...
Реално немаме ни среќа годинава, али и летово ако не среди управав (трет преоден рок) тогаш незнам што да кажам.
 
Од Нејмар - Суарез - Меси, се радуваме на Торес - Обамејанг - Траоре :tapp:

Депај искочи од форма, Агуеро заврши, Фати се повреди, Дембеле ќе си оди...
Реално немаме ни среќа годинава, али и летово ако не среди управав (трет преоден рок) тогаш незнам што да кажам.
Депај реално никогаш не ни бил во форма. Откако дојде никако да се наметне, цело време игра топло ладно, а и повредата скроз го исфрли од колосек.
Со Агуеро навистина штета тоа што се случи, имав големи очекувања од него, мислам дека лагано ќе играше прв состав и он ќе беше тоа што сега ни фали, некој што знае да повлече кога на тимот не му оди, да направи разлика, баш лидер на тимот. Таков моментално немаме, Ансу таман се врати од една повреда, одма нова, сега одбил операција, ризикува да му се обнови повредата и да стане нов Умтити, од Депај исто се очекуваше да биде некаков лидер, ама никако не се наметна како таков. Дембеле сето тоа не може да го искористи, затоа што е повреден во 90% од времето. Бускетс е истрошен, едвај оди после 60та минута, ептен е склон на грешки. Де Јонг (Френки, не Лук :D) можеби, ама и тој често знае да се вклопи во сивилото, доста критики има на негова сметка сезонава. Моментално се крстиме во 2 деца, кои допрва потпишуваат први договори со првиот тим, Нико и Гави. И нормално, се крстиме барем повеќето од засилувањата да ни се погодат (сите секако не можат), бидејќи клубот е изгорен од претходни големи трансфери кои испаднаа флопови (Дембеле, Кутињо и Гризман) навикнати сме да не очекуваме премногу од новите играчи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom