Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пиша еден член предходно, сеа ние што сакаме или Куман што сака?

Не дека ми смета Тиаго ама што му фали толку на Вајналдум кој е еден меѓу клучните играчи на овој монструозен Ливерпул стварно не го разбирам хејтот кон него, посебно кон Депај? Еве денес читам последен обид за Лаутаро. Кој ви кур со Лаутаро нека седи таму у Интер и нека проба Серија А да освои и да се развие уште повеќе. Ке го преплаќаме а уште е неискусен за во Барса. Депај е 3 пати поевтина опција и Куман си има соработувано со него во репрезентација исто и со Вајналдум. Мене се повеќе ми изгледа дека човекот стварно има замисла некоја и решен е да ја оствари.

Дали ке успее или не незнам али сите треба почит да му покажеме зашто он сеа засеа покажува тешки муда што брка некој играчи и прави раздор во тимот, така и треба. После Рома, после поезијата corner taken quickly, и после мочањето од Баерн се најде човек што ги спушта на земја.

И конечно ке имаме голем ростер и квалитетни замени незнам стварно што толку ви смета.
 
Нема никаков хејт према Вајналфум, напротив одличен играч е ама мое мислење е дека во стилот на Барса не би се вклопил како што Тиаго се вклопува. Тоа е како да го имаш Чави сега за "без пари "и да не го земеш.Сеа ако Куман има замисла ок, да видеме што ќе покаже времето. Мада тоа се медиумски трубења повише, секој тренер би го сакал Тиаго во тим. Друга работа, сите го ставаат Пјаниќ прв тим. Јас мидлам дека ќе ја грее клупата убаво заедно со Бускетс.
 
Проблем е што немаме класичен шпиц. Имаме тројца некомпатибилни играчи кои не функционираат заедно Меси, Кутињо и Гризман.
 
Подобро би било да дојде Тиаго пошо со Де Јонг ќе играат пред одбрана а Кутињо на 10ка. Креативност 100ка, за разлика од Ракитич и Бускетс.
 
Без навреда ама те читам недела дена и ми си чини ти си фан на Меси а не на Барса. :toe:
Подобро беше за двете страни да си оди. И они да почнат да се навикнуваат без него и он да проба да освои уште нешто.
За Барса сум инаку од времето на Ривалдо и Клајверт.
 
Не би сакал да си давам лажна надеж за Тиаго, мислам дека нема шанса да го земеме, иначе нема навивач на Барса што не би сакал да дојде.
Автоматски споено мислење:

Ансууууууу
 
За што ни е Депај кога го имаме Ансу Фати. :love:
Нека игра Меси лажна деветка и решен проблем.
 
Пишав некни, ќе повторам, ќе ја доминира следнава деценија. Имаме среќа, има иднина за Барса :)
Автоматски споено мислење:

За што ни е Депај кога го имаме Ансу Фати. :love:
Нека игра Меси лажна деветка и решен проблем.
Сите тројца во нападот ќе се следна сезона :D
 
Ако некој не го лапа, оваа управа може да го вклучи во трансферот на Депај и плус да доплатат.
 
Мора да се мотивира братот и со пари, мислам дека зима околу 500-600к после даноци. Заслужува договор барем дупло повеќе во наредните 2 сезони, за после ќе се анализира според играта што ќе ја прикаже.

Проблемот со толку млади играчи е што мора на се да се пази. Треба и да го мотивираш, а треба и да го спушташ од време на време да не го удри слава во глава. Жити се малолетник каков фудбал игра. :vozbud: :drk:
 
Сепак не е дека Ла Масија не произведе ништо, колку што се испушти од раце оваа управа. Еве го Дани Олмо веќе е многу опасен играч. Кубо, Траоре итн., а во меѓувреме преплаќавме Гризмани и слични по сто милиони да се влечат по терен, место децава што гинат за дресот.
 
Точно било дека управата го сака Тиаго, еднаш во живот се во право, нека направат нешто добро за крај на мандатот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom