Не би зборувал моментално колку квалитетни играчи имаме. Тоа на сите ни е јасно. Но, денес видов една нова страна во целата приказна. Мислам дека кај сите играчи се јавува една нова искра. До денес мислам дека не изгледаме на екипа, и затоа како да чувствувам некое сплотување. Можеби грешам, но во сплотувањето на играчите помеѓу себе во една ваква ситуација, ги гледам шансите за сезоната..Истото беше и под водство на Енрике, иако тогаш имавме многу поквалитетни играчи..едноставно нешто не штимаше. Се појавија шпекулации за кавги во соблекувалната, како Меси и Енрике не се поднесувале, дури и се закануваше отказ на Енрике..се до натпреварот со Атлетико дома. Сигурно се сеќавате на фамозната слика на прегрнатите Меси, Суарез и Нејмар.. После тоа се беше историја.. Важна алка во сето тоа сплотување денес е проблемот наречен Гризман.