Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Де Лигт нема клаузула, или кој било клуб ќе ја плати бараната сума од Ајакс или нема да има продажба. Де Лигт е нивни капитен и во никој случај не би одел против интересите на клубот.
Не знам зошто Јувентус се глупира со ценкање за 10 мил евра.

Во однос на Барселона проблем е платата и провизијата за Раиола а не е обештетувањето за Ајакс.
 
Де Лигт нема клаузула, или кој било клуб ќе ја плати бараната сума од Ајакс или нема да има продажба. Де Лигт е нивни капитен и во никој случај не би одел против интересите на клубот.
Не знам зошто Јувентус се глупира со ценкање за 10 мил евра.
Тоа го прават при секој трансфер, жабарска работа :) Де Лихт нема да оди против Ајакс, ама ниту клубот ќе му застане на патот, тие беа јасни, каде што ќе одлучи да игра, ќе ја прифатат понудата од било кој тим.
 
Станува малку досаден, после дудлањето со ПСЖ као демек ништо не испадна, па ке ја соопштел одлуката после финалето на лигата на нации па заврши тоа, па отиде на одмор, па ке ја кажел одлуката после одморот, па Јувентус нели на 1-ви ке го представи, уствари видовме што претставија на 1-ви. И нели као демек се сретнале со Пике на Бахамите, ја ви викам ова уште од почеток мириса на медиумска хајка за свињата дебела да земе провизија.
 
Па чудо треба да се случи за да им го украдат сега, кога веќе се има договорено со Јувентус. Да му ветат прва постава, да го платат дебело Раиола, да ја покачат понудата за плата итн. При тоа Раиола треба да ги расипи одличните односи што ги има со Јувентус, значи премногу фактори се во прашање, невозможна мисија.
Ај вака, Кој освен новинар изјави дека Де Лигт има договор со Јувентус ? На новинар јас не верувам ни 1%, по би верувал на Бартомеу него ли на било кој новинар.
 
Ај вака, Кој освен новинар изјави дека Де Лигт има договор со Јувентус ? На новинар јас не верувам ни 1%, по би верувал на Бартомеу него ли на било кој новинар.
Ок, верувај му слободно, колку не лаже кажува само соопштението на Атлетико.

П.с.
Истиот тој посран Атлетико што им го дадовме Виља за семки сега им се курчи и ги понижува, тоа е кога не знаеш да водиш клуб ќе те зафркаваат.
 
Па баш заради тоа шо го земаа Феликс за брдо пари, идиотот Барто мисли дека може сега да се заебава и да бара на рати да плаќа. Демек овие тие 120 милиони им беа па ај сеа ќе си играм мајтап. Атлетико малце да претисне одма ќе се јават 5-6 топ европски клубови и ќе искешират за Гризман и повеќе одколку шо треба, ама интелигенцијата на Барто му е еднаква со бројот на титули шо освоивме сезонава.
 
Никој не го искоментира соопштението на Атлетико, Барса бара одложување на плаќањето, односно на рати, но експресно ги одбиле, сакаат 120 наеднаш. Дали нема кеш моментално тимот или имаат некој друг план, небитно, се отвора голем проблем ако не се плати клаузулата сега. Добро е вака што отворено говорат тие, сега знаеме дека Семедо не е дел од договарање

то.

Мислам дека,бараат кеш зошто тие пари се капарени за овај Португалецов Феликс мислам дека се викаше,така нешто читав,наводно топ-тан цела сума,затоа сакаат можи и Барса да плати исто.
 
Posle izjavata na Barto treba da si glup a da ne sfatis deka De Ligt ide kaj nas. Da bese za vo drug klub nemase da dade takva izjava i prosto ke kazese toj e igrac na drug klub i ne sakam da komentiram

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Авив Леви дечкото задолжен за инстаграм страната на Барса со коментар на сликата на Де Лихт.
Ова ќе додаде масло во огнот ако во скоро време Јувентус не го официјализира трансферот.

20190706_024710.jpg
 
Па баш заради тоа шо го земаа Феликс за брдо пари, идиотот Барто мисли дека може сега да се заебава и да бара на рати да плаќа. Демек овие тие 120 милиони им беа па ај сеа ќе си играм мајтап. Атлетико малце да претисне одма ќе се јават 5-6 топ европски клубови и ќе искешират за Гризман и повеќе одколку шо треба, ама интелигенцијата на Барто му е еднаква со бројот на титули шо освоивме сезонава.

Кои клубови би искеширале 120 мил. за Гризман?
ПСЖ го немаат во план, Јунајтед не игра во ЛШ.

Атлетико избрза со трансферот на Феликс, сега и рати ќе му дадат на Барто, нека си ги дупи. :D

Всушност тоа и ги изнервира на Патетико.
 
Ливерпул Сити Јуве, ПСЖ се дволични се може да се очекува од нив.

Гризман не е млад талент па да се преговара, готов производ е сите знаеме какви квалитети има. Плус во вакво лудо трансфер време со цениве се е можно, 120 милиони за играч како Гризман се ништо пари. Плус додај го и фактот дека и него парите му се слатки, видовме за пар милиони повеќе шо направи лани.

Сакам да го земеме, мада нема простор Бартко многу да си игра мајтап. :D
 
Баталете фудбалскиот, кошаркарскиов како да е друг универзум за нив :D
 
Дечки, ај некој со искуство нека помага. :D

Сакам да одам на ЕлКласико во октомври како најлесно до карта?
 
Дечки, ај некој со искуство нека помага. :D

Сакам да одам на ЕлКласико во октомври како најлесно до карта?
Mislam deka ima odreden broj na karti za drzavata od koa si ( Makedonija ) primer 10 ili 20, za poveke info private mos ke mozam da ti objasnam/pomognam.
 
Од Нејмар може да се опростиме,ај следно лето ќе врати.

Мене ме чуди ситуацијава со Де Лигт,не ми е јасно што матат и играат во позадина.
Неможе да е вака како што пишуваат медиумите,Барто изјави дека уште пред еден месец знаел каде ќе игра Де Лигт,тогаш зошто не е претставен во тој клуб?Ако е Јуве,они колку трансфери официјализираа зошто би чекале за овој.

Од друга страна можно е да е договорен со Барса,цело време се шпекулираше за тоа.
Сите негови пријатели,колеги викаа дека цел живот сакал за Барса да игра,со Де Јонг двајцата изјавуваа дека сакаат во иднина заедно да играат,Ајакс и Барса се во одлични односи,не ми е јасно како таков играч да изгубиме(ако не дојде).

Јас додека не го видам официјално претставен во друг клуб не верувам на ништо друго,не би ме изненадило да дојде кај нас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom