Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
За Дембеле баш дискутирав неделава во темана за трансфери - сите избрзаа да го отпишат по една сезона во Барселона каде што беше повреден. Не дека го имам многу гледано кај вас ама не знам што толку против него имаат луѓево или па може и немаат ама јас имам таков впечаток добиено. За Дортмунд кинеше, сега не се снашол одма во Барселона, голема работа, 20 години има, нема договор на една сезона, на 5 има ако не се лажам.Со недела задоцнување, овој Дембеле имал талент а? Сеуште не го покажува тоа што го може од времето во Дортмунд, ама кај и да е ќе се вклопи во тимов. Ако се вистина шпекулациите, се што сакам наредната сезона е барем неколку (неважни) натпревари во формација
Гризман Суарез Дембеле
Кутињо Меси
Бускец
Одбраната нема врска кој ќе е, само нападов да го видам бар еднаш.

Јбг се е инстант денес, ретко кој има трпение за било што во животот. Затоа и Ла Масија пропаѓа, не им се дава шанса на младите пошто сезона без титула за Барса и Реал е еднакво на апокалипса за нивните навивачи. Чави, Иниеста, Пујол кога дојдоа во прв тим беа тоа времиња кога се боревме со Валенсија за 4то место, ама трпението се исплати 15 години по ред после тоа. Гвардиола имаше муда да им даде шанса на младите затоа што им беше тренер во Барса Б, да беше некој друг тренер после Рајкард ќе береше печурки Бускец денес.
