Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Жешка ќе биде атмосферата против Севиља, ако се гледа по кошаркарската и ракометната утакмица. Првите неколку минути владееше молк, а потоа неколку минути со непрестано скандирање и пеење на каталонската химна. Има најави дека навивачките групи ќе влезат после 10 минути како знак на протест.

Иначе, оваа утакмица мора да се добие, почнува серијата на тешки утакмици, можеби и клучни за битката за титула. Најбитно е да се одбрани почетниот налет на Севиља, секогаш ни правеле притисок и сме влегувале со негатива на почеток. Мора да се тргне жестоко од прва минута, затоа што ако примиме први гол овајпат многу тешко дека ќе ја свртиме утакмицава. То би била на кратко експертизата за мечов, составот нека го одбере Валверде :D
 
Севиља не е ни бледа сенка од лани, очекувам победа од 2-0 или 3-1.
 
Пако ли е Анри ли е. :LOL:Настрана голот, учествува во секоја акција и тоа успешно се снаоѓа.
 
20 неискористени шанси, тоа е. Згора на тоа паднаа физички нашиве, повторно каснање со измените. А и скапаниот Вишко од спорт клуб милион пати спомна дека Севиља немале даено гол со глава цела сезона.
 
Мора уште еден за сигурна победа, не смее сега да се повлечат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom