Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се допаѓаат овие 15 минути, играме добар пресинг.
 
Ракитич офанзивно многу слабо игра. Мора Иниеста веднаш да влезе за да креираме шанси, вака оставено е се на Меси да организира.
 
Очајна игра од Суарез. Некако сите надежи ми се во некој магичен потег на Меси.
 
Да издржат со пресингов , Реал се многу опасни во контра.
 
Нема агресија во играва, МСН не помагаат во одбрана, посебно Меси и Суарез. Суарез е дрво направен оваа сезона, одамна го кажав тоа и затоа нема никаква поврзаност со Меси и Нејмар.
Се надевам во второ ќе влезе Иниеста, моторот на екипава.
 
Јас не очекувам да влезе Иниеста пред 60 минута ако не губиме. Десната страна со Ракитич и Роберто е тотално некорисна во нападот.
 
Некорисна е затоа што Ракитиќ повеќе трча да покрива дупки во дефанзива , Бускец веќе не знам што му е улогава во тимов , а Суарез е тотално изгубен ниту простор да отвори и ниту комбинира со Меси и Нејмар . Поради недостиг на кративец Меси ја презема улогата и во нападот наместо тој да биде во комбинација излегува Роберто кој ништо не му оди . Гомес од друга страна навидум добро функционира на лева страна со Алба и Нејмар ама пак никаков пробив нема па префрла кон Меси .
Хаотично. :D
 
Најдобрата деветка во моментов!!!
 
Кога не се користат шансите , ете казна , не смееа да се повлечат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom