Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Наголемо се пишува деновиве за Бен Арфа. Според француските медиуми вчера бил во Барселона да ги слушне плановите на Енрике за него и да се договорат некои поединости. Олеснителна околност за нас е тоа што ако дојде ќе дојде како слободен играч, затоа што му истекува договорот од една година. Мислам дека добро ќе ни дојде, парите за напаѓач ке се насочат за други играчи, а и се надевам ако дојде ќе добива минутажа. Сезонава беше одличен.
 
Гомново треба да се убие под итно, онака Суарез да му влезе со две нозе вкичма. Пред тоа да се наполни од голови нормално :D

Pau López, golman Espanyola, dao je intervju pred nedjeljni derbi protiv Barçe, u kojem se osvrnuo na rivalstvo klubova iz Barcelone: "Noć u kojoj je Tamudo svojim golom oduzeo Barçi titulu je bila magična i nadam se da će se ponoviti. Ne znam ko će osvojiti titulu, ali volio bih da to učini neki od madridskih timova."

Pau je navijačima Barcelone poznat po gaženju članka Lionela Messija u Kup utakmici prošlog januara/siječnja.
 
За тоа што ни беше Ларсон, затоа ќе ни биде и Бен Арфа.
Не може сега да земат млад надежен играч и да остане на клупа.
Ама Бен Арфа не е ни напаѓач, не е ни на нивото на Ларсон.
 
Ама Бен Арфа не е ни напаѓач, не е ни на нивото на Ларсон.

Абе он е само еден од опциите. Гамеиро исто така е опција.
Не можеме да кажеме дека готово Бен Арфа ќе му се приклучи на Барселона. Но мислам дека за ротирање со Меси или Нејмар е доволен. Ама нам повеќе ни треба играч кој може да игра и како централен напаѓач.
 
За без пари е супер опција, но под услов да се донесе и класичен напаѓач. Бидејќи најверојатно и Сандро и Мунир ќе си одат, а од Барса Б не знам да има некој добар напаѓач кој би бил прекомандуван во прв тим како замена за Суарез.
 
Едно треба да е јасно, а тоа е дека многу малку фудбалери моментално од тие што ги посакуваат, кои се стандардни првотимци во своите екипи, би прифатиле да седат на клупа скоро цела сезона. 2-3 сезони со ред се зборува за резервен напаѓач, ама нема ништо од тоа. Гамеиро? Една од главните карики на Севиља, гарантирано место во првите 11, фактор кој одлучува натпревари да дојде и да седи на клупа? Едноставно не прифаќаат, затоа што кај нас МСН се незаменливи и сакаат да ги играат сите натпревари по 90 минути. За Бен Арфа годинава биле заинтересирани 18 клубови, бесплатен е и мислам дека е добра опција ако прифаќа, со оглед на тоа дека нема да се изнаигра. Солиден напаѓач, макар и над 30, кој е прва постава во својата екипа не доаѓа кај нас. Во тоа сум сигурен.

Инаку потпретседателот на Ница денес фицијално изјави дека се одвиваат преговори со Барса за Бен Арфа, a Mунир ќе потпишел нов 5 годишен договор :tapp:
 
Последно уредено:
За без пари е супер опција, но под услов да се донесе и класичен напаѓач. Бидејќи најверојатно и Сандро и Мунир ќе си одат, а од Барса Б не знам да има некој добар напаѓач кој би бил прекомандуван во прв тим како замена за Суарез.

Ако се донесе Денис Суарез кој исто така може да игра како крило тогаш нема потреба од Бен Арфа. Може да донесат и еден класичен напаѓач.

Besides probable return of Villarreal player Denis (22), Barcelona's transfer priorities are a centre back and an experienced forward. [tv3]

Иначе агентот на Халиловиќ кажал дека сака да биде вратен во Барселона и дека имале понуди од две германски и две англиски светска класа клубови.
Демек се заканува ако не го вратите ќе си оди.
 
Добар е Бен Арфа, сезонава лом ги напраи у француско, добро е и што би се земал без пари, али нас повече ни треба класичен напаѓач, нешто у стилот на Лаказет на пример. Најдобро би било и он и класичен, и да си заминат Сандро и Мунир ама, гледам Мунир ќе го продолжи договорот до 2021 :)

Ја би напраил ремонт летово, ама гледам управата уште им верува, само Вермален и Бартра ќе си одат. Ние ќе земеме само централен бек и напаѓач и ако се врати Денис Суарез. Не очекувајте ништо повеќе.
 
Значи никако да се согласам со тебе околу трансфер политиката на Барса. Зошто ремонт? Во пол позиција сме за лигата и во финале во куп. Отпаднавме од ЛШ заради замор, нас ни требаат играчи за зголемување на составот, подобри замени за подобри ротации.

Јас не знам што подразбираш под ремонт, јас сакам еден стопер, лев бек, Денис Суарез и плус уште некој шпиц. Нека го исчистат ѓубрето и ако има потреба уште некој играч за ротација. Немаме потреба ние од ремонт, ремонт нека прават Реал Мадрид пошто нема да имаат право на трансфер после летово.[DOUBLEPOST=1462616495][/DOUBLEPOST]И за овој пропаднатиот талент Бен Арфа, цел живот читам глупости дека прави. Тој во Њукасл не успеа, јас не знам што си правите филмови дека ќе успее кај нас, покрај МСН нема да го помириса теренот, тепачки ќе направи во тимот само. Ајде магла од тука, убава си е атмосферата во тимот. Не без пари, пари да даваат тие за да дојде, пак не сакам да дојде.
 
Последно уредено од модератор:

За Бен Арфа не се согласувам со тебе. Ние бараме играч кој ќе влегува од клупа, не може некој супер талент да земеме што ќе седи на клупа. Бен Арфа го искинаа повредите, иначе е многу добар играч.
Милион играчи медиумиве поврзуваат со Барса, не може да им се верува, можно е и ова да е обична шпекулација.
 
Потребна ни е резерва во нападот за тоа нема дилема, а според мене Мунир не е играч што може задоволитено да одговори на тоа барање
 
За Бен Арфа не се согласувам со тебе. Ние бараме играч кој ќе влегува од клупа, не може некој супер талент да земеме што ќе седи на клупа. Бен Арфа го искинаа повредите, иначе е многу добар играч.
Милион играчи медиумиве поврзуваат со Барса, не може да им се верува, можно е и ова да е обична шпекулација.
Се согласувам дека ни треба играч кој што ќе биде добар за да влегува од клупа, ама човеков низ цела кариера има проблеми со дисциплина. Од Еуро 2012, после во Њукасл, нема карактер за да успее во гигант како Барса. Може само проблеми да донесе, јас така го гледам. Доколку се купува постар играч, Нолито за 18 милиони евра е за мене попаметен избор од Бен Арфа затоа што е коректен, благодарен играч. Јас доколку би купувал ни овој, ни овој не би го купил. Би купил играчи како што купуваат Атлетико - Анхел Кореа, Вието или на крајот на краиштата го купуваш Дибала, го ставаш десно крило, Меси зад тројката напред и ги рушиш сите рекорди. Само што ваквите играчи кои што навистина вредат ќе ни избегаат дури бараме вечни таленти и пропаднати 30годишњаци.

И заборавив претходно да пишам, Сампер ако го продадат ќе бидеме уште еден чекор поблиску до станување Реал Мадрид, веќе не гледам разлика во нашите трансфери со нивните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom