Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да бидеме искрени далеку сме од идеални, ама овој тим има нешто што не не красеше одамна..Некој тимски дух. некој темперамент, нешто ново, не можам да опишам..Можеби и убавината е во тоа, што гледам човечност желба, борба..не само идеални роботи..Имавме тешка недела многу трчање против Сити и сега против Реал, тие имаа цела недела да се спремат.. Задоволен сум од резултатот, можевме да примиме барем уште еден, но можеме да ги испратиме и со 4 парчиња во мрежата..Се на се добар резултат кој влева надеж за понатамошни успеси..Има уште многу да се игра,мора да останат фокусирани.
 
А тој одлучувачки гол ќе значеше дека ќе им бегавме три кикса, со оглед на тоа дека ќе решаваше гол-разликата, а овака два се во прашање. Тоа ме изнервира најмногу, шо можеа да го постигнат тој трет гол ако запнеа, ама она ја пимплаа.
Ама ајде да не бидам неблагодарно копиле, нека продолжат со победи они, ни трет гол, ни гол разлика, ни меѓусебен дуел, ни ништо нема да е битно.
 
Некој рече дека Рафиња ќе се курчи за кореографијата :D

aa.png


CAvZ4t2WEAAgaUY.jpg
 
Катастрофално прво полувреме, можеби и најлошо до сега и може да сме среќни што беше 1:1 на полувреме, али затоа во вториот дел гледавме друг тим, односно ја гледавме вистинската Барса која сме навикнати да ја гледаме,али едно нешто што ме плаши е реализацијата во нападот, толку шанси имавме во второ полувреме и постигнавме само еден гол.. Нејмар неможам да го препознаам,каде е тој Нејмар од прва полусезона, многу е паднат во форма и ќе мора да проработи на тоа, зашто за крај на сезона ќе ни треба Нејмар од првата полусезона, иначе вака ќе биде тешко... како и да е честито нека ни е победата и предност од 4 бода :D .. првата пречка кон освојувањето на титула е помината, али имаме уште многу тешки дуели за остварувањето на таа цел.. наредно коло гостуваме кај Селта и мора да се иде на победа и одмазда за поразот на Кампот..
 
Ќе има киксови и стресови до крајот, многу тежок е распоредот ама барем не е ништо полесен и кај Реал
04c2c697f44f8d3fc736f5d75d06e44c.jpg
 
^ Максимален учинок во наредните 4 кола , и готово е.

Иако моментално сме во поволна позиција уште ништо не е готово. Тие мечеви со Севилја и Валенсија мислам дека можат да се покажат како пресудни.
 
Последно уредено:
Тензичен натпревар,имавме многу среќа што првото полувреме не го завршивме со негатива и пресуден беше ранопостигнатиот гол во второ полувреме.После водството се сменија драстично работите и требаше да запнат да дадат уште еден гол,да победиме со два гола разлика и да имаме право на 3 кикса,али тоа е задоволен сум и со ова.Одбраната ни беше на ниво,особено Пике кој имаше неколку страшни интервенции како клизачкиот старт кон Бејл.Средината слаба ептен,Само Маскерано солиден,Иниеста невидлив а Иван успорен снимак(сепак имаше 9.3км истрчано до 70мин,информација што не е за потценување).Нејмар лесно ги поминуваше али на крај се какаше цело време.Меси солиден.Суарез ни донесе 3 бода(y).Со каков осет го даде голот :cuc:
Најмногу од се ме нервираше што во неколку наврати и Меси и Нејмар можеа да го проиграат Суарез,а тие цело време се играат меѓу себе или себичат(особено Нејмар).Меси да го проиграше Суарез лево,место Нејмар во ситуациата кога вториов го промаши голот од десна страна,гарантирам со глава дека Суарез ќе дадеше гол.Најбитно е освоивме 3 бода и сега имаме 4 бода предност и 10 кола до крај.Ако ги тепаме Селта и Севиља на гости ќе завршиме голема работа.Валенсија ќе ја искршиме.
Заборавив да го спомнам Браво,страшно добро бранеше и е еден од најзаслужните што освоивме 3 бода.
Менс оф де меч според мене :pistoldz:,:bravobe:и Пике.
 
Иначе кај ги гледате тие 2 кикса? ... Еве да кажеме киксаме 2 нерешени , ќе имаме исто бодови со Реал али тие ќе се први поради меѓусебните дуели. На +4 сме , ако играме нерешено ќе сме на +5 но со победа на Реал ќе намалат на +2. Следна утакмица пак да играме нерешено ќе се качиме на +3 , а Реал со победа ќе анулира и ќе биде прв со ист број на бодови поради подобар меѓусебен дуел. Да победевме 3-1 ќе имавме право малце на поголем луксуз со 2 нерешени , и ќе бевме први со ист број бодови оти имаме гол разлика +11.

Значи имаме право на 1 кикс само и тоа во случај Реал да победи се до крајот што чисто сумњам , али и ние имаме заебан распоред. Следните 4 утакмици јас мислам ќе бидат пресудни. Гостуваме на Селта и Севилја , а дома ја чекаме Валенсија и Алмерија.
 
Дома тепаме се, а гости неизвесно е само кај севилја и атлетико :)
 
Имаше на ланската рекапитулација на Лигата шо беше, мислам од Dia Despues дека беа, за него краток прилог, дека онака нежно татковски се однесува со играчите.
Мислам @Beck's дека го постираше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom