Па и овие мочани весници(кои патем работат под контрола на управата) ако знаат шо пишуваат си го сечам на 3 парчија...
Следи им мозок бе, вчера агентот на Бенатија беше во Барселона и преговараше за трансфер. Денеска УШТЕ стои истиот наслов, статијата не е тргната.
Гледам на истиот медиум, трансферот на Маркињос во Барса е во финална постапка, ПСЖ веќе ја прифатиле понудата(во која бил вклучен и Дани).
Исто така, на истиот медиум најнова бомбастична вест е дека Барса ќе го земе Миранда.
На истиот тој медиум денеска на насловна страна е информацијата дека Љоренте е пред трансфер во Барса.
Другиот весник пак, веќе ги реши проблемите со одбраната и сега гледам се нафрлиле кон решавање на средниот ред.
На насловна страна ставиле дека можно е да го земеме Ракитич.
Понатаму, друга информација вели дека Барса е заинтересирана за Коке, Погба и Андер Ерера.
А, сега гледам и најнова информација, се зборува за враќање на Јаја Туре во Барса.
Па и една племенска заедница е подобро организирана од нашава управа и медиумите.