Еј реално гледано,екипиве како Сити и ПСЖ целосно го упропастија трансфер пазаров.Не може да се купи квалитетен играч по нормална цена(освен играчите од Барса

)
Требаше Луиз да го земеме ама шеиците даваат 50 мил и нормално не можеш да се гураш со нив.
Околу трансферов со Маркињоз,не ми се верува дека би го пуштиле ПСЖ па и да дадеме 50-60мил.
Најдобра варијанта ни е Бенатиа од Рома(мислам дека него ќе успееме да го донесеме) и дај некако нека запнат по Хумелс,проверен дефанзивец кој мислам дека одлично би се вклопил во системот на Барса.
Ова со продавањево на подобрите играчи од Барса не оди на добро,најмногу поради тоа што ги даваме по прилично ниска цена а со тие пари би можеме да земеме само еден квалитетен играч.
Мое мислење е дека ако си заминат Цесц,Дани и Санчез,ќе земеме некоја супер звезда

(можда Суарез или Агуеро),поинаку не би било логично да се продадат за да дојде некој анонимец или просечен играч.
Но управава ни е килава и можат да направат секаков хендикеп,така да тешко дека може некој да претпостави што ке се деси летово.
