Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Дресовите според мене најмногу наликуваат на оние од сезоната 2007-2008, со тоа што тука распоредот на боите е сменат.Ми се допаѓаат сигурно ќе нарачам еден..А кога сме кај трансферите никогаш не би го продал Алексис..Единствен играч во тимот кој не зборува многу, кој никогаш не се откажува...Многу е борбен, дајбоже сите да имаат толкава желба колку него..Настрана тоа што доколку Енрике е паметен и го искористи како што треба добива невиден убиец...Педро е печен да си оди, прикажува слаби игри и добар беше само кога Меси и Виља цветаа. Добри пари може да се земат за него, но не поради тоа што е вонсериски играч туку поради тоа што доаѓа од шампионската генерација на Барса..Јаја Туре добро би ни легнал да добиеме на сила, но прашање е на чие место би играл..Доколку се остврарат овие трансфери, и доколку Енрике се постави машки мислам дека ќе дојдат успесите..иако многу тимови наредната сезона ќе бидат засилени и жедни за трофеј...
 
После дресот од сезоната 2009-10 кога играше Златан, конечно извадија прејак дрес. :drk::drk::drk::drk: Ова го прам од вчера кога излезе.[DOUBLEPOST=1400662952][/DOUBLEPOST]До 30 мај сме имале право за 2 милиони да го вратиме Фонтас. Ќе биде добар дил да го вратиме и после да го искористиме во некоја трампа за друг играч.
Денис Суарез имал во договорот потпишано дека само една сезона ќе биде во Барса Б, што значи дека ќе мора да биде промовиран годинава. Ако не земиме некој друг средњак, можи комотно да си биди во прв тим, а ако земаме најдобро е да го пратиме на позајмица.

Јаја Туре сакал да си дојди? Shut up and take my money City!!!
 
Последно уредено од модератор:
Овој дрес наликува на дресот од сезона 2009/2010 . Новиов е совршенство .(y)
2009-2010-FC-Barcelona-Home-Mens-Football-Shirt-343808_496_A.jpg
 
Од сликата со новите дресови јасно се гледа на кои фудбалери се смета за наредната сезона (ако е официјална)
2yhaty4u.jpg
 
^
Официјална е, ама и Тијаго лани беше сликан со новиот дрес, така да не мора да значи ништо.
 
Од сликата со новите дресови јасно се гледа на кои фудбалери се смета за наредната сезона (ако е официјална)
2yhaty4u.jpg

Конечно еден прејак дрес извадивте, без тоа жолтите грди детали ..:icon_lol:
 
И официално Луис Енрике денеска во 11ч и 45мин потпиша две годишен договор со Барса.
Му посакувам голем успех и многу титули(y)
10408044_673030842733100_4933141231554988687_n.jpg
10303739_673033296066188_4250490384252883310_n.jpg
10363791_673032446066273_2158470707805630432_n.jpg
 
„Барселона игра офанзивен фудбал, по тоа е позната насекаде во светот, ќе го задржиме тој стил, ќе играме атрактивно, но во исто време ќе се обидам да внесам нешто ново во тој систем“, дополни новиот тренер на Барселона."


(y)
 
„Барселона игра офанзивен фудбал, по тоа е позната насекаде во светот, ќе го задржиме тој стил, ќе играме атрактивно, но во исто време ќе се обидам да внесам нешто ново во тој систем“, дополни новиот тренер на Барселона."


(y)
Буквално истата реченица ја кажа и Тата кога дојде.
 
Видео постаро од ТРИ години :D од времето кога Енрике беше тренер на Барса Б

 
Буквално истата реченица ја кажа и Тата кога дојде.
Така и игравме во првата полусезона, под влијание на Чави повторно се вративме на кружењето околу шеснаесетник и на крај завршување со центаршут на луѓе високи метро и жилет.
 
Енрике од она што разбрав рече дека Барса мора да игра атрактивен фудбал и дека ќе се држи кон принципите, НО рече дека е свесен дека сите екипи веќе знаат како да играат со Барса, и дека уште од првиот ден ќе внесе радикални промени за да ја дигне физичката состојба на играчите и да ја донесе тики така на повисоко ниво.Тоа вклучува и други промени, а мислам дека управата конечно ќе ја остави работата на тренерот, само за да не бидат постојано под критика на навивачите.. Исто така спомена и дека не е сигурен дали Барса од наредната сезона ќе ја гледаме во формација 4-3-3 најмногу поради овие причини..Исто така мое мислење е дека Чави го кажа своето во Барса и дека големи се шансите да си замине..Наредните денови ќе дознаеме што ќе биде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom