P
pepito*
Гостин
Ау колку глуп муабет, не сме заслужувале. Па, еве ако заслужуваа некои други зошто не победија денеска? Цела прва полусезона и скоро пола од втората бевме на првото место. Да го победиме директниот конкурент во последната утакмица од сезоната и пак не заслужуваме? Што ќе биди на утакмицата никој не знае од сега. Не се силете со муабетот дека сме биле послаби од нив и не сме заслужувале. Резултатите се тие и за нас и за нив. Следува Светско првенство, голем дел од сезоната играчите калкулираа и не влегуваа 100%, имавме повреди на важни играчи, си замина гомното Росељ сред сезона без да објасни зошто, не банираа од трансфери, па ни ја тргнаа забраната на одредено време, трагедијата со Тито беше кулминација, а Барселона пак има шанса да ја освои титулата. Ако победиме арно, си ја заслужуваме титулата и ќе ја славиме, има статива да се прам после утакмица, ако не победиме нека им е честита на другите.