- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 999
- Поени од реакции
- 971
ги гледав погоре клиповите од натпреварите, се потсетив на славните денови..Многу работи се сменати од тогаш...Прво што забележав е погледот во очите на играчите..погледнете ги Меси, Чави, Иниеста, Алвес, Пике..како оган да испуштаат од очите, страшна желба има во нив, страшна свежина, младост..Тоа одамна го немам видено во тимот...Друга работа видете го тактичкиот пристап на екипите против Барса...Кога последен пат сте го виделе Меси да има толку простор за продор? Кога сте виделе во последно Чави и Иниеста толку лесно да се шетаат по средината...Таа Барса беше некој нов тренд за тоа време, нов стил кој требаше 4-5 години да се дешифрира..Кога клопчето почна да се обвиткува замина Пеп..Следуваше болеста на Тито после одличната полусезона..следуваше Баерн..следуваше Реал. Следуваа скандалите со данокот на Меси, притисокот од управата врз Тата, недоведување на нови играчи, оставката на Росељ..Ништо убаво не се случуваше после оној пораз од Челзи кој уверен сум беше најболен од сите што ги доживеале овие играчи..За тоа време целиот фудбалски свет се трудеше и размислуваше како да се игра против Барса, како да се запре човекот што даваше по 90 голови во година..Војна на теренот, војна во медиумите..Сега кога го гледам Меси, гледам само една сенка која некаде е заробена и лебди..Можеби и самиот не е свесен што се случува..На тие натпревари погоре беше премногу млад, желен за игра, невин ако може така да се каже..Но, мислам дека онаа темна страна на фудбалот,кој пред се е бизнис,заедно со медиумите како да го уништуваа полека тој негов детски сон.. Неговата психолошка состојба е резултат на бројни разочарувања во подолг временски период, како на теренот, така и надвор од него..Треба да се додаде и стравот што според мене го чувствува поради светското првенство..Да, прво чувствуа страв од преголемата одговорност која му е дадена..Медиумите во Шпанија наголемо полемизираат околу тоа дека тимот е оставен сам на себе, дека никој не застана позади нив кога почна се да оди надолу..Не беше доведена нова крв, а секоја желба за светла иднина наредната сезона ја изгасна забраната од Фифа.Да не беше таа вест која намерно е пуштена во јавноста после оној натпревар со Атлетико на Ноу Камп, денес веројатно ќе се радувавме на Купот, и ќе размислувавме за полуфиналето во ЛШ..Последниот удар беше смртоносен..
VISCA BARCA!!
VISCA BARCA!!