Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пујол, Валдес, Пике...следни на листа се Алба и Алвес. Можеме без одбрана да играме до крај ние...
 
Муциња готови сте на Калдерон од пишаното не се бега! :icon_lol: Мене искрено ме загрижува резултатов. Да не се пласираат 1/2 па да остани Барса во конкуренција само за Примера. Кај Атлетико најтежок распоред па и пласирање 1/2 финале им фали.
Муце од кога бе ти волку верен фан на Атлетико? Откако дојде Фалкао? :icon_lol:
 
Очекувајте го Зуби сеа после 4 недели во стилот " Пике е нашето прво засилување" :pos:
 
очекувано тежок меч,со судија чиј критериум му одговара на секоја колЈачка екипа,атлетико го искористи тоа и маваа немилосрдно,за тоа добија само 4 картони,додека барса можеше да остани без иниеста........судијата не сакаше да го заштити ни најмалце моторот на барса.........очај

друго,гледам многу очекувале да се изгази овој атлетико демек дека дома,е па преопасно е дома да се примат 2-3 гола потоа ќе мора и ти да постигнеш најмалку толку,ќе бев задоволен и со 0-0,пошто таму ќе беше притисокот на домаќинот,вака сега барса мора да брка водство,а сеимеоне ќе ги згусне назад доста повеќе отколку вечерва + одличниот куртоа може да значи елиминација.

алвес кон кого да испрати центаршут кога сите се на висина од метро и шумска бобинка,можеби кон автогол !?

најповеќе ме загрижува што тата врска си нема од тактика,тука симеоне го шие во секој поглед,многу многу ќе зависи во реваншот каков меси ќе видиме.
 
Тоа е, примивме гол од никаде и нештата станаа многу потешки.
Нејмар денес беше солиден, Меси во второ полувреме некако многу инсистираше на тие еден-два додавања пред 16-никот на Атлетико, таму мува не поминуваше а камоли топка.
Иниеста ептен ја тупеше со дриблинзите, но барем пробуваше нешто поразлично. А грешката на Тата освен тоа со ставањето на Фабрегас во почетниот состав, беше и внесувањето на Алексис. Според мене требаше да влезе Педро. Поексплозивен е, шутира со двете нозе, а има и силен шут.
Не можам а да не го пофалам Алба, која машина еј, цела лева страна сам ја држеше. Дани беше добар но со Нејмар на десната страна се гушеа. Нејмар не е како Педро и Алексис кои нон стоп трчаат без топка.
Пинто немаше многу работа, освен шутот на Виља што го одбрани. Но тоа што немаше работа е благодарение на одбраната која беше поставено многу високо, на моменти дури на противничката половина. Маскерано одличен, Бартра ме изненади позитивно а е и побрз од Пике.

На реваншот ќе биде многу тврд натпревар, Атлетико ќе играат уште поостро од вечерва. Мислам дека првите десетина минути ќе притискаат и после ќе се напикат во одбрана и ќе играат на контри.
Се надевам ќе дадеме гол во првото полувреме иначе ќе им скршат нозе на нашите.


Bartra and Busquets didn't lose any ball in the game against Atletico tonight
:cool:
 
Последно уредено:
Ќе има црвен за Атлетико во вториот меч 100 %.
 
Тоа е тоа момци... лош резултат од првиот меч со примен гол на домашен терен,но сепак се уште ништо не е готово, има да се игра уште една утакмица на Висенте Калдерон и тука ќе се одлучува патникот во 1/2 финалето.. можеби Атл.Мадрид се во подобра позиција,али ние не сме Осасуна,и сигурен сум дека на реваншот ќе покажеме зашто сме еден од најдобрите тимови во светот.. мислам дека имаме големи шанси за пласман понатаму.. на тој меч не ни смее да помисли Тата и да ја направи истата грешка како денес и да стартува со Цеск,гледа дека не иде така и дека премногу се гуши средината и пак секој меч го прави истото... на реваншот јас сакам да стартуваме со Бускетс-Чави-Иниеста во средниот ред, а напред со Нејмар-Меси-Педро(Санчез).. јас би му дал предност на Педро,само поради тоа што има добар и силен шут, а има и добар дриблинг,исто така е и многу брз и трча насекаде, го има низ целиот терен..
 
Уште кога се одржа ждрепката знаев дека нема да биде поволно за нас првата да ја играме дома.. Речиси сите натпревари до сега во нокаут фазите прво ги игравме на гости, а потоа дома што беше огромна предност за нас..Ќе биде тешко, но верувам..Пике ќе паузира 4 недели што според мене е голем удар за одбраната, бидејќи имаме натпревари во Ла Лига, не чека финале со Реал, и уште еден натпревар што треба да го изиграме како финале, против Атлетико..Штета навистина..
 
Commentator yesterday said: "Pinto plays like lucky fan who was recently promoted to be a GK"

Инаку читам единствената причина ради која Пинто денеска е во клубот е тоа што му бил најдобар пријател на Меси
 
Кога ми текна дека сме една повреда разлика од играње на Сонг.

BkKxTbUIIAAkBys.jpg:large
 
Кога ми текна дека сме една повреда разлика од играње на Сонг.
Кога ќе размислиш подобро може и не е толку лоша идеа тоа.

Секако играме со 4 средни играчи. Ако наместо Фабрегас игра Сонг добиваш многу повеќе од што губиш. Иниеста ќе игра на природната позиција, Нејмар исто може да игра лево наместо десно, Бускетс може да оди малку понапред и да игра поофанзивно, а одбраната сепак ќе има двајца високи ДМ да и помогнат со нафрлени топки:
966198_FC_Barcelona.jpg


Уствари со една обична замена Сонг--->Фабрегас може да реши 2-3 сериозни проблеми во напад и во одбрана, ама пошто Тата не е многу по размислување тешко дека ќе го видиме ова освен ако не се повреди Фабрегас.
 
Commentator yesterday said: "Pinto plays like lucky fan who was recently promoted to be a GK"

Инаку читам единствената причина ради која Пинто денеска е во клубот е тоа што му бил најдобар пријател на Меси

Глупости бе.

Пинто не е толку слаб колку што ние измислуваме. Искусен е, долго време е во тимот и знае како дише тимот.
Ударот на Виља одлично го одбрани вчера. Сега кај голот можеби има малку вина, но и нема толку бидејќи тој удар беше многу силен а и никој не очекува удар од таму.
Валдес колку смешни голови има примено, па не останал во тимот поради пријателство со Меси.
 
Кога ќе размислиш подобро може и не е толку лоша идеа тоа.

Секако играме со 4 средни играчи. Ако наместо Фабрегас игра Сонг добиваш многу повеќе од што губиш. Иниеста ќе игра на природната позиција, Нејмар исто може да игра лево наместо десно, Бускетс може да оди малку понапред и да игра поофанзивно, а одбраната сепак ќе има двајца високи ДМ да и помогнат со нафрлени топки:
966198_FC_Barcelona.jpg


Уствари со една обична замена Сонг--->Фабрегас може да реши 2-3 сериозни проблеми во напад и во одбрана, ама пошто Тата не е многу по размислување тешко дека ќе го видиме ова освен ако не се повреди Фабрегас.
Лошо е лошо брат, вака на хартија и мене не ми изгледаше така, ама ако се сеќаваш го проба Тата и ова. Таа црна ноќ во Баскија на Сан Себастијан против Сосиедад. Гриезман му ја изваде маста на Сонг таа вечер, немаше брзи транзиции од одбрана до напад, Бускетс се гушеше со нашиот генијалец Сонг. Изгубивме 3-1 без да покажиме игра карактеристична за Барса.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom