Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Xavi was the Barcelona player who ran most in the game against Man City: 11,6 km. Cesc, who played 85 min, ran 11,3 km
Тоа што Тата успева некако да ги искористи Чави, Иниеста и Цеск во иста постава е импресивно, ама некако ми изгледа дека е на цена на Нејмар и Меси.

Нејмар не играше за да не си сметаат со Иниеста, а кога влезе играше како лево крило. Меси откако се врати од повредата не ми изгледа како да го има истото влијание врз играта. Не дека не е во форма. Брз е, дрибла, дава голови и асистира, ама има проблеми со тактичката улога.

Исто така многу ме нервира што Нејмар, Санчез и Педро цело време му подаваат на Меси. Дури и кога не треба. Ако ги поправи тие 2/3 работи Тата во следниов месец може слободно Баерн да ни дојде да се разбереме кој е кој :D
 
Меси е фактор во тимот, затоа и му подаваат и кога НЕ треба, колку и да не ни се свиѓа нам се плашат играчите да не испадне незадоволен малиот. Педро-Нејмар-Санчез е убиствена тројка кога би ја имале потребната слобода
 
^ Не го разбирам постот, сакаш да кажеш дека во нападот нема место за Меси или?
 
^ Не го разбирам постот, сакаш да кажеш дека во нападот нема место за Меси или?

Сакам да кажам дека не можеме да го видиме најдоброто од Санчез и Педро со Меси во тимот пошто очигледно е дека имаат Меси фобија особено Санчез кој и на празен гол би го барал Меси, а ова стварно ме иритира. Или па Меси нека ги зема на кафе некое попладне и нека им нареди да шутираат кога имаат можност
 
Тоа да и мене некогаш ме иритира несебичноста на Санчез, али сите тренери би го ставиле индивидуалниот талент на Меси пред оној на Санчез, затоа што Меси е играч кој на 26 години е најдобар стрелец во историјата на клуб каков што е Барселона. Настрана головите, асистира и неговото присуство на терен е причина за аларм кај противниците.

Нормално е да го бараат Меси кога знаат дека може да даде гол од скоро секоја ситуација, е сеа некогаш тоа го прават и во глупи ситуации во кои нема резон да се подава топка на друг играч али шта је ту је.
 
Санчез е играч кој и самиот не е свесен со каков потенциал располага. Е играч кој плаче за класична 9ка во кој било друг тим освен Барса. Санчез се троши како крило, е за ова ми е жал. Мене не ми се допаѓа фактот што ниту еден играч не се покажа напред освен Меси, случајност? Не би рекол.
Е јас сакам сите играчи што играат напред да предизвикуваат аларм кај противникот, а не вака во стилот ’Турете му кур на Санчез, он нема да шутира, целото внимание свртете го кон Меси‘. Мене ми е важен клупскиот учинок а не рекордите кои ги руши Меси.
 
Kako toa nikoj ne se pokaza nikoj, Eto'o, Henry, Villa i toa kako se pokazaa. Kolku samo golovi dadoa i toa klucni golovi.
Ama ako ocekuvas nekoj da go zameni Messi, nema igrac koj bi bil poefektiven od nego na taa pozicija.
Da ne ocekuvas Sanchez da bide predvodnik na napadot.
Toa sto ne sutira i mene me nervira, Pedro sutira koga ima prilika ama Sanchez ne. A toa treba da go sredi Tata a i samiot Alexis da se sredi i da ne igra kako preplasen tinejdzer, ednostavno nema muda.
 
За ова муда треба, значи ги има
bN2PHm4.gif
 
Санчез е играч кој и самиот не е свесен со каков потенциал располага. Е играч кој плаче за класична 9ка во кој било друг тим освен Барса. Санчез се троши како крило, е за ова ми е жал. Мене не ми се допаѓа фактот што ниту еден играч не се покажа напред освен Меси, случајност? Не би рекол.
Е јас сакам сите играчи што играат напред да предизвикуваат аларм кај противникот, а не вака во стилот ’Турете му кур на Санчез, он нема да шутира, целото внимание свртете го кон Меси‘. Мене ми е важен клупскиот учинок а не рекордите кои ги руши Меси.

Санчез има огромен талент тоа е неоспорливо, има неверојатен work rate, трча, покрива, отвара простор али дали сериозно мислиш дека некој при здрав разум ќе го стави Меси на крило а Санчез 9ка? И да замислиме дека ќе се случи тоа, што мислиш дека ќе се деси после 10 натпревари? И да блесне, тоа ќе биде на неколку натпревари, токму затоа што нема континуитет да игра 5 години на иста позиција и да го прави истото на секој ебан натпревар, да биде успешен во тоа и згора на се, сеуште да биде мистерија за противникот, да се прават шеми и тактички планови како да се запре само тој еден играч и покрај сите тие напори најчесто ( кога велам најчесто мислам во 95% од натпреварите) истите тактичари да бидат немоќни пред фактот што против нивниот тим игра генијалец, единствен во генерацијата а по многумина и еден од најдобрите на сите времиња.

А за тоа дека Меси бил диктатор во соблекувалната, дека сите играле како тој свирел и остали ствари, мислам дека се апсурдни, затоа што ако навистина има такво нешто тоа ќе се покаже на натпреварите, на прославите на головите. Сепак не станува збор за Хитлер...

Но сепак, ти си имаш свое мислење во врска со тоа, јас друго, останатите трето. Затоа спаѓаме во групата на рандом фанови а на клупата седи тактичар кој зема ненормална пара и ја работи најубавата работа на светот.:icon_lol:
 
Шо знам, мерак ми е да имаме некоја класична 9ка, не ги можам многу лажните 9ки
 
Санчез е промашена инвестиција за Барса.........да се имаше класичен центарфор можеби како крилен играч ефективно би се искористила неговаа брзина.........огромна сума на пари се испраа преку неговиот трансфер,не вреди повеќе од 15-18 милиони евра
 
Шо знам, мерак ми е да имаме некоја класична 9ка, не ги можам многу лажните 9ки

Затоа спомнав во еден претходен пост дека мора да му се даде шанса на Тата и наредната сезона затоа што мислам дека ќе направи тим кој е тактички зрел за повеќе типови на противници и тим кој нема да фура една иста тактика на 60+ натпревари. Мислам дека ќе има засилувања за повеќе од една позиција летово, меѓу кои се надевам ќе биде некој напаѓач кој ќе ја игра улогата на Ларсон, ќе влегува на натпревари во кои тешко се добива противникот а Меси би играл веднаш позади него. Нешто слично на позицијата на Агуеро во Сити.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom