Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
1743572_426101687522082_811311960_n.jpg
Bgyfu3qCcAAQDlq.jpg:large
:love:
 
Уште на Калдерон - 0:0 кога беше се виде дека не сме толку дупки во одбрана колку што се зборува, подобрени сме во многу аспекти, Тата ме бендиса.(y)
 
Man City's Joe Hart is the 100th goalkeeper to concede at least 1 goal against Messi in official club competitions[DOUBLEPOST=1392763452][/DOUBLEPOST]
tumblr_n17p9cfNUU1rtequ6o1_500.gif
 
Последно уредено:
Супер сме, уште поголема мотивација кај играчите, си газиме сеа напред (y) Нејмар да се врати малце у форма и тоа е тоа!
 
Ми се допага тоа што во клучните натпревари не се залетуваме. Со Пеп постојано се случуваше тоа кога сме во поволна позиција ќе се опуштиме и ке нападнеме без потреба рано па примаме гол од контра.

Сега со Тата играта не е толку динамична и точно е дека на моменти делува и лошо ама ете барем тој аспек од играта е многу подобрен.
 
И Алвеш изигра перфекно, заслужено беше и одбран за играч на натпреварот. Фабрегас и Санчез не беа само на ниво. Фабрегас направи неколку грешки у низа после голот.
 
Како прво нека ни е честито победата,иако ни беше поништен чист гол и можеше да биде уште поубедлива победа, јас и со овој резултат сум презадоволен.. со 2 гола во гости и без примен гол.. очекуваме на Кампот да ја довршиме работата.. на почетокот на мечот мислев дека правиме голема грешка што стартуваме со Фабрегас,Иниеста и Чави во прв тим, и тоа Иниеста како крило.. јас очекував да стартуваме со Педро,Меси и Санчез напред,и Чави и Иниеста во средниот ред.. иако бев против тоа да стартуваме со Иниеста како крило и Цеск во првиот тим.. сепак на крајот се испадна како што треба.. и браво за Тата кој имаше храброст да излезе со овој тим и на крајот тоа му се исплатеше.. знае Тата што прави :D
П.с. Поздрав до сите хејтери и анти-БАРСА навивачи кој претходно збореа дека Сити ќе не напунат и нема да знаеме главата каде ни е.. а ги имаше многу.. :tapp:
 
Е ова е веќе различен тактички пристап од оној на Пеп. Додуша во многу погледи се слични и Тата и Пеп, со тоа што Пеп е иноватор и секогаш сака да проба да направи нешто ново со тимот притоа задржувајќи го напаѓачкиот пристап.

Тата е малку поразличен и тој како Пеп сака напаѓачки фудбал али во ситуации во кои натпреварот треба мирно да се приврши знае да направи измена која ќе ја неутрализира играта на противникот. Исто така од натпреварите што ги гледам сезонава, со најдобриот дел на неговиот тим го напаѓа најслабиот на противникот што исто ме радува затоа што можеби сеуште е рано али мислам дека веќе не сме тој еднодимензионален тим којшто игра само напад, напад, напад...

Мора да му се даде шанса на Тата и наредната сезона, без оглед на успехот од тековната. Мислам дека има голема надеж во него.

И друга работа што сакам да ја кажам е тоа што ние како фанови на Барселона секогаш сакаме нашиот тим да победи, притоа правејќи го тоа со игра убава за око. Верувајте дека во блиска иднина нема да видите тим како тој од 2008-2011. Нема да влегуваме во натпревари со кремот од Европа однапред знаејќи дека ќе победиме без проблем... едноставно во тој период сите коцки беа подредени на правилен начин и целата таа машинерија функционираше беспрекорно. Ако ова лето остане Тата мислам дека ќе имаме компактен тим наредната сезона затоа што знае човекот што сака, знае кои се слабостите на неговиот тим и ќе напнува за играчи како од одбрана така и од среден ред.

П.С. Честито победа, рутинирано(y)
 
Добар меч изиграа.
Одбраната се знае дека не ни е стабилна, вечерва пак го покажаа тоа иако не примивме гол сепак несигурно делуваа, а и Сити толку напаѓаше. Дани изигра одлично, ме изнервира што зеде картон, не можам да смислам како ќе играме со Монтоја ако во понатамошните фази биде суспендиран поради жолти картони. Тешко дека ќе најдеме негова замена кога ќе си замине, едноставно игра како да е дете од Ла Масија. Алба исто така беше одличен во дефанзива, а играше и поповлечено.
Средниот ред многу добар, Бускетс конечно на ниво, сепак не на тоа ниво на кое сме научени да го видиме ама добар беше, Чави позитивно ме изненади т.е покажа дека кога е одморен има уште фудбал во него. Иниеста влезе во форма и вечерва нон-стоп беше закана за одбраната на англичаните. Фабрегас немаше толку добар натпревар, но сепак солиден беше.
Меси добар беше, изнуди пенал, го даде пеналот, се враќаше назад да прими топка и да покрие, правеше пресинг во одредени периоди од играта, што значи добар беше.
Алексис покриваше позади, дечкото има одлично Workrate, ама вечерва во офанзива беше очаен. Нејмар добар, одлично се вклопени со Меси иако многу малце имаат играно заедно, ама мора да го среди физичкиот дел, ептен е лесен.

Ќе ми беше жал да не го дадовме вториот гол, под такви околности кога можевме да дадеме најмалку уште еден.

На реваншот треба да се изигра мирно, Сити сигурно ќе нападне со сите сили, мора смирено да ги напаѓаме и да ги казниме што е можно порано бидејќи сигурно ќе оставаат многу простор позади.

Тата покажа дека знае што прави, го надигра Пелегрини. А и играта беше поразлична од порано, имаше повеќе директни додавања, одбрана со повеќе играчи во нашиот дел од теренот, потоа ја умртви играта со смирени додавања што значеше чување на резултатот.
 
na nekolku pati go gledav ture,kolku dobro igra recisi bez greska,jak igrac golem igrac i tesko moze da mu odzemis topka
kolku samo mu odgovara pozicijata na buskets i igrata na barsa[DOUBLEPOST=1392792679][/DOUBLEPOST]na nekolku pati go gledav ture,kolku dobro igra recisi bez greska,jak igrac golem igrac i tesko moze da mu odzemis topka
kolku samo mu odgovara pozicijata na buskets i igrata na barsa
 
Тогаш се нервирав јас што Пеп го форсираше Бускец ама испадна како и обично во право. Неговиот пулен стана најдобар фудбалер на таа позиција
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom