Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
ИНИЕСТА, Меси, Педро и Валдес :cuc:

И за ова не пишав на полувреме пошто ме знаете што малер сум, ама ич не ви се во ред забелешките за Меси. На онаков терен не треба да се очекува тики-така, и нормално е да се губат топки. На крајот, нема ни потреба од многу зборови кога се има 2 гола и 1 асистенција.
 
Единствена црна дамка можеби е првиот гол од офсајд..Но не е важно, победа која не враќа на врвот. Имаме проблеми со одбраната поготово првиот дел катастрофа. Монтоја големо теле..ќе треба промени, не е класа играч за во еден ваков тим.
Сега повеќе од сигурен сум дека Меси едноставно не се замара и игра со 60% од својата сила. Доказ за тоа се неколкуте продори кои ги имаше. Сеуште противниците летаат како комарци кога ќе посака..Очигледно е дека се чува за СП и веројатно за завршницата од ЛШ
 
Не ја гледав, не можам да зборам. Сега видов состојба на терен и головите. Не сфаќам што е со Меси? Не се труди, не е добар, го мрзи? Каде е проблемот.

Инаку ќе бидеме сведоци на неколку рекорди.
Messi is 8 goals away from equalling Alcántara as Barca's all-time goalscorer (official+friendly)
BgD_iPfCMAAlA8z.jpg


Messi is only 1 goal shy of equalling Telmo Zarra as player with most goals for a single Spanish club

BgD-vaQCEAId5j3.jpg:large



BgD9fdQCIAI4RdL.jpg:large
 
Фала курцу и ние нешто да искористиме од контри. Треба тој дел добро да се усоврши па заедно со правење на силен пресинг да имаме почесто бенефит од таква игра.

Иниеста најдобар, исто и Меси сосема солидно иако имаше доста загубени топки.

Од одбраната ништо ново, иако и средината во тој дел ( кога треба да се брани ) знае лошо да одигра.

Ќе видиме што ќе биде али дефинитивно треба да се промени нешто.
 
Најслаба карика у тим мислам дека ни е Чави. Значи освен 1000000 паса од по 2до5 метри ништо друго нема корисно. Порано креираше имаше ненормални пасови и асистенции. Сега сето тоа го презема Меси и на него остана пасовите од 2 метра. Одбрана колку и да сака неможе да е нешто посебно. Фабрегас место него и ваков Иниеста е многу подобра комбинација, стварно незнам зашо цело време го форсираат него.
Иначе Монтоја и С.Роберто ни Самсаненко у Вардар не би ги зел сеа а не ми е јасно играат у Барса еј... У БАРСА!
 
Чави ќе беше сеуште најдобар плејмејкер да имаше солидна замена сезонава ( читај Тиаго ) на небитните утакмици. Кога е одморен секогаш покажува најдобар фудбал, човекот е 80та генерација, не можеме да очекуваме од него да игра 3 добри утакмици во недела дена. Од друга страна вчера воопшто не беше лош, имаше одличен процент реализирани додавања и не беа сите тие на блиско растојание како што се пишува овде. Сега не треба да игра на гости со Сосиедад во купот, јас воопшто не би го повикувал, за таму ќе ни требаат играчи за контранапади пошто имаме солидна предност - Цеск, Роберто, Тељо, Педро... Треба да си го чуваме Чави, злато вреди од секогаш.
 
Какво брукање на Пике и Монтоја, смешно стана веќе. Посебно пичкава Пике, кој нема муда да биде главен играч во одбрана, туку навикнат е да се крие зад некој друг. При скок како да не постои, а тој треба да биде најдобар скокач во тимот, затоа што е највисок.
Монтоја ботот се надевам некој друг тим брзо ќе реагира и нема да го гледаме веќе во Барса наредната сезона.
Валдес нешто почна да се губи на нафрлени топки. Последниве 2 утакмици, 10 пати излезе и застана на пола пат оставајќи празен гол...
Не ми е јасно како можат толку аматерски да одреагираат на нафрлени топки. Пред тоа исто сме имале проблеми со истите, ама последниве 5-6 утакмици стана огромен проблем. Секој прекин е пола гол, буквално секој. Од средина почнаа да ни центрираат, знаејќи какви аматерски реакции имаат нашиве.
Свесни се дека шифоњери како Компани, Туре, Негредо, Џеко... ќе не тепаат само од корнери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom