Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Според медиумите на Пиринеите, Меси ќе паузира помеѓу шест и осум недели, а сооглед дека ова е трета повреда во последните пет месеци, во Барселона нема да ризикуваат предвреме да го вратат аргентинскиот волшебник. Тој има повреда на бутниот мускул.
Со ова Меси ќе пропушти вкупно осум меча до крајот на оваа 2013 година и тоа четири меча во Ла Лига, со Гранада, Атлетик Билбао, Вилјареал и Хетафе, двата преостанати меча во Лигата на шампионите со Ајакс и со Селтик, кој се небитни поради веќе обезбедениот пласман во осминафиналето, како и двата меча со третолигашот Картагена во Купот на Кралот, кои и онака нема да ги играше Аргентинецот.
 
Dobro e sto za toa vreme nema da imame nekoi teski mecevi pa mozeme i bez nego da tepame.Neka se odmori dobro i da se vrati togas koga najmnogu ke ni e potreben...
 
Кај можам да најдам податок за кој колку истрчал на утакмица?
 
Жално е што на ваков начин, но паузата мислам ќе му дојде добро..Да се одмори од медиумите, од притисокот кој константно се ствараше, да се одмори од сите тие натпревари кои ги изигра летово..Гледано објективно не беше оваа година на Меси..со повреда ја завршува.Не верувам во освојувањето на златната топка, но тоа не е важно. Меси не мора никому да докажува кој е и што е..Постои и следна година. Сега најважно е како ке се делува врз него на психолошки план, бидејќи овие повреди оставија трага. Треба да следи еден период на негова регенерација почнувајќи од она што погоре го наведов, па се до добивањето на физичката сила и експлозивност што го красеше порано.Ако се врати во топ форма..очекувам големи работи сезонава. Очекувам конечно да го заокружи кругот и да стане најдобриот на сите времиња.
 
Ко че го видиш ко за лешници чукање е, ама уствари не е воопшто лош.
BYvf7kzIMAAqRam.jpg:large

Видете му ја само раката, се здоби со масата и искуството што му недостасуваше, играчиште ! :rolleyes:
 
Ко че го видиш ко за лешници чукање е, ама уствари не е воопшто лош.
BYvf7kzIMAAqRam.jpg:large

Видете му ја само раката, се здоби со масата и искуството што му недостасуваше, играчиште ! :rolleyes:


koj e ovoj ?
 
Марк Бартра
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 23:49 ---
Марк Бартра
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 00:04 ---
Не го гледав мечот,ги гледав само последните 20 минути и незнам што се случувало претходно,видов дека Меси за жал пак се повредил и овој пат ќе отсуствува 2 месеца, ќе ги пропушти последните два меча во ЛШ, каде и не ни е потребен, бидејќи пласманот во наредната рунда ни е осигуран,и ни фали само уште еден бод од последните два меча за и теоретски да го осигураме првото место во групата, исто така ќе ги пропушти натпреварите од купот на кој и онака немаше да игра, и најверојатно ќе пропушти 4-5 меча од Ла Лига,каде што немаме некој потежок дуел, освен мечот со Билбао и гостувањето на Сан Мамеш... се надевам дека ќе биде спремен за мечот со Атлетико Мадрид кој се игра во 19 коло..
П.с Ако може некој да ми каже како изигра Монтоја на левата страна, за Бартра и Пујол прочитав дека биле одлични :D
 
Не верувам во теориите на заговор на Филе, не знам кој му се тие медиуми кои истото го поставуваат како прашање. Од она што го читам, спортските новинари единствено "вината" ја бараат во медицинскиот тим на Барса. Неосновани ми се тврдењата дека Меси го прави ова намерно за да се спрема за Светско. И тој самиот знае дека тоа е прерано и е потег без врска. Не би бил луд најдобриот фудбалер на светот да ја прокоцка шансата да освои уште една златна топка со фингирањене на повреда. Според мое мислење, едноставно човекот е преморен. Топ сезоните кои ги изигра, мораше кога тогаш да резултираат со серија на повреди. Сепак и тој е човек, невозможно е да игра на исто ниво од почеток до крај на кариера. Не се сомневам во неговата посветеност и жрвта за тимот, ниту некогаш ќе се посомневам. Лео за кратко повторно ќе биде на врвот.
 
Марк Бартра повикан од Дел Боске за престојните два пријателски меча на Шпанија. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom